Надежи, падови потреси – Што ја одбележа македонската економија измнатите 32 години ?

Падови  , потреси и кризи , бројни очекувања – поинаква реалност –  Што ја одбележа македонската економија изминатите 32 години ?

Со прогласувањето на независна, суверена и самостојна Република Македонија, народот очекуваше подобро утре  од позицијата во која се наоѓаше како дел од поранешна Југославија. По нецела година од осамостујувањето добивме стабилна валута со фиксен курс, а првиот шок го доживеамве во 1994-та година со грчкото трговско ембарго поради 16-кракото сонце . Потоа во раните 90-ти следуваше периодот на транзицијата , односно започна приватизацијата на која следеа бројни протести и штрајкови од стечајците кои си ги изгубија работните места .  Економијата низ годините многу пати беше на удар , анализираат експертите . Но, она што недостига цел овој период е цврста стратегија .

ТОНСКО КОНСТАНТИН ДИМИТРОВ –  експерт за енергетика

Се создаде темелот на слободна држава .Секоја Влада си има своја политика и тие се помалку или повеќе  . Кога имаше блокада од југ, преживеавме, беше тешко но преживеавме , кога имавме блокада на север, поради нападот на НАТО пак на некој начин преживеавме, а некој поединци се обогатија. Во тие политики во економијата се случија големи промени, од местото од социјално, државно се префрли приватно, некои многу земаа се направи удар во економијата во Македонија затоа што многу фабрики се затворија на некој начин заради неспособноста на тие што ги купија тие системи да ги раководат .

Она што е забележливо дека економскиот раст паѓа, а очекувањата за подобро  се намалуваат .  Најмногу македонската економија ја тишти  огромното задолжување и тоа што нема јасен план за реализација на проекти кои ќе ја закрепнат.  Во енергетиката како голем и важен дел од економијата нема политика која ќе предвиди што треба да се работи и што се сработило , предупредува Димитров .  Изминатите години не се инвестирало во објекти , ниту во рудници за да се обезбеди јаглен.  Со еден збор, Македонија доцни .

ТОНСКО КОНСТАНТИН ДИМИТРОВ –  експерт за енергетика

Тоа е состојбата , постоечките објекти стареат, раководството не работи според МЕРИТ систем, туку според политичка припадност . Во Македонија немаме сектор кој посебно се грижи за енергитиката . Нема, не се работи , стагнира , пропаѓа  .   Сите очекувавме подобро се надевавме , бевме многу среќни кога излегоа македонски пари, македонски производи, македонско сонце кога имаше промоции дека во Македонија можеше да се инвестира и се инвестираше , но енергетика не беше приоритет . Овие 30 години многу малку објекти се изградија . Приватно се изгради ТЕ- ТО Скопје и Скопје Север.

Последниве две години  македонците преживеаа двоцифрена зона на инфлација , енергетска криза и ценовни шокови . Очекувањата беа дека ќе има закрепнување после пандемијата , но се уште остануваат само надежите дека состојбата ќе се стабилизира и ќе се остварат очекувањата од пред 32 години дека ќе има подобар живот. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста