Мицкоски од Трибината во Тетово до ДУИ и СДСМ: Доста пиете крв од народот и крадете

Доста пиете крв од народот и крадете!, им порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на двоецот ДУИ и СДСМ  од трибината во Тетово каде се говореше за социјалните политики против иселувањето и сиромаштијата. Сиромаштијата и лошата инфраструктура се главните причини поради кои младите од шарпланинскиот крај се иселуваат, но Мицкоски не ги заборави ниту 8 мината загинати во „Диво Населје“ кој за него се херои на новото време.  Според него власта ги заборавила, а како што рече, загинатите се дел од естаблишементот на ДУИ.

„Точно  22 години ДУИ е на власт. 22 години тие не живеат за Албанците, туку живеат од нив. Градејќи кариери на некаков лажен мит, на некаква лажна борба, зад која се кријат лични интерес и на сметка на крадење на народот. Колку повеќе години власт на ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ. 22 години ДУИ е дел од сите порази на Македонија. 22 години власт ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот. И затоа испраќам јасна и недвосмислена порака, тука од заедничкото Тетово, од народот до ДУИ и Али Ахмети: ДОСТА Е. ДО ТУКА  БЕШЕ. ДОСТА КРАДЕВТЕ и градите среќа на несреќата на народот.Доста ја пиете крвта на народот кој се помалку го има. ВРЕМЕ е за пензија и опозиција“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски на денот на Европа, од Тетово со силна порака и до опозициската СДСМ. Оттаму порача дека пред десетина години желбата за евроинтеграција кај Макеонците била многу поголема, за разлика од денес, а според него главниот виновник за зголемувањето на евроскептицизмот е токму политиките на СДСМ. Мицскоски со цврт став. На патот кон Европа, да не се изгубиме себеси како народ и држава.

„Пред десетина години желбата за интеграција беше исклучително висока, затоа што народот веруваше дека така ќе се постигнат стандарди, ќе има иднина, подобар живот, ќе дојде надеж и мотив за борба, впрочем истите работи поради кои денес народот се иселува, а не ги гледа повеќе тука. Вината поради намалената доверба и растечкиот евроскептицизам покрај на овдешната владејачка клика неодминливо е и на Европската Унија која мора повеќе да се спротивставува на отворените злоупотреби кои актуелната власт ги прави и во нејзино име“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНE.

Последните анкети покажуваат дека 40 % од Македонците веднаш би се иселиле, а фрапантни 68% од младите би ја напуштиле земјава за подобра иднина. Панелистите на ВМРО ДПМНЕ потсетија и на статистиката на ЕУРОСТАТ каде во 2018 година по доаѓањето на СДСМ на власт, за цели 46% е зголемен бројот на барање на дозволи за престој ан Макеоднците во ЕУ. Иста така, за последниве 5 години намален е бројот на новородени бебиња во Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста