Министерството за здравство никако да се свести: Педијатрија во Охрид без лекари, состојбата трагична

Педијатри во пензија доброволно се нудат да им помогнат на двајцата колеги кои во седмата деценија од животот на свој грб го носат товарот на детското одделение во охридската општа болница кој поради недостаток на кадар е затворен повеќе од една година-се вршат само амбулантски прегледи .

Овие фотографии ни ги истратија родители кои викендов до влезната врата чекале да им дојде ред со болните дечиња. Едно стани друго легни,дневно по 50-тина дечиња само од Охрид примаат инфузиона терапија ,педијатрите без да си одат дома прегледувале до 20 часот, а потоа бидејќи нема хоспитализации децата се препраќаат во Струга. А таму ситуацијата е повеќе од алармантна, посебно во вечерните часови низ раце им поминуваат дневнo и до 500 дечиња од Струга, Ресен , Дебар и Охрид.

  • Нон стоп сме на работа 5 души сме на детско, држиме цело детско одделение и неонатолошкиот оддел,меѓуоа тоа е тоа. Не може двајца педијатри се во Охрид да држат нон стоп дежурства и нив ги сфаќам.24 часа секој втор ден да држиш дежурства,тоа е неиздржливо, кој сака да е изјави Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.

15  години не е пуштен доктор да специјализира педијатрија.Од тука, недостатокот на педијатри е генерален проблем во сите болници низ државава.

  • Проблемот што е веќе од поназад, некако не се размислуваше дека кадарот од педијатри ќе го снема практично рече д-р Аспазија Софијанова-Здружение на педијатри на РМ .
  • Министерството и Фондот за здравство треба да размислат дали треба сите ние во Скопје да дојдеме за да земаме добри плати.Во моментов сме останати со 13 матични педијатри што е катастрофална состојба за развојот на дончињата, вели д-р Лилија Дервишова Чолакова-претсед.на здружение на приватни лекари.

Докторите ценат дека единствен спас за македонскиот здравствен систем е здравствените домови повторно да се спојат со општите болници и да фунционираат под една капа. Доктор Дервишова напоменува дека докторите од огромен број ординации се пред пензија и ќе се затворат, долку министерството за здравство не прогледа.Од таму пак велат дека се барало решение за недостатокот на педијатри во земјава и дека се одобриле повеќе специјализации,лани 26, годинава дполнително уште 29,но што додека тие завршат, прашуваат педијатрите.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста