Меѓу земјите од Западен Балкан од денеска се патува само со лични карти

Ако не можеме во Европа, барем можеме на Балканот. Имено од денеска меѓу земјите од Западен Балкан се патува само со лични карти.

Договорите за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, за признавање на високо-образовните квалификации и за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти кои што беа потпишани лани на 3 ноември денеска стапуваат на сила во Македонија, Албанија и Косово.

Наскоро се очекува овие договори да стапат на сила и во останатите три држави потписнички, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, согласно завршените правни процедури кај нив. како што соопшти МНР, со овие договори се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста