Малолетниот убиец нема да одговара за делото, оти нема 14 години – татко му е во притвор

Тага, солзи, свеќи и цвеќиња за жртвите во вчерашниот масакр во основното училиште во белградски Врачар. 24 часа по овој грозоморен чин во кој беа убиени одум ученици и обезбедувач во училиштето голем број ученици и граѓани се собираат пред местото за да им оддадат почит на загинатите и повредени ученици и наставници. Иако има голем број луѓе, пред училиштето владее апсолутна тишина, се слуша само плачот на присутните.

Во меѓу време, во јавноста испливуваат мотиви за настаните кои преходелеза трагеијта. Еден од учениците рече дека добил СМС порака со фотографија со пиштол претходниот ден. Претходно, 13 годишниот убиец бил на роденденска прослава со повеќето од застреланите ученици, меѓу кои и девојче во кое тој бил наводно бил заљубен, а која е и дел од убиените.

Телевизијата „Пинк“ дојде до информации од пријатели блиски до семејството на Коста, кои се сомневаат дека тој бил под влијание на црна магија или секта.

Инаку две дечиња кои го преживеаа нападот се уште се во критична состојба. Останатите кои исто така се здобија со прострелни рани се во постабилна состојба..Меѓу нив и наставничката по историја, на чиј час упадна 13 годишниот Коста Кецмановиќ. Од белградскиот ургентен центар велат дека тројца од четворицата повредени се будни и во стабилна состојба, а лекарите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и еден наставник.

  • Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Подобро е, буден е, но мораме да бидеме многу внимателни и да се квалификуваме дека состојбата е критична. Денеска ќе имаме серија прегледи и скенирања за да ги видиме ефектите од операциите“, вели директорот на Клинички ценатр Србија.

Во целата трагедија испливаа и двајца професори, кои се херои. Наставник по географија и наставничка од пониските класови кои во моментиот на масакрот одржувале настава веднаш истрчалер кон училиницата од каде се слушале истрелите и почнале да им помагаат и да ги евакуираат повредените ученици. Реагираше многу бргу, ги изнесуваше на раце. Децата беа крвави.

Вистински херој, зборуваат колегите за наставникот по географија.  Наставничка во пониските одделенија за опасноста разбрала од повозрасен ученик кој дошол да ја спасува помалата сестричка која учела во тоа одделение. веднаш ги зела децата од своето одделение и ги однела во салата за физичко воспитание. Ги заклучила во една просторија за да не може да стигне никој до нив. По смирувањето на ситуацијата и апсењето на 13-годишниот ученик, учителката ги извела децата на сигурно надвор од училиштето.

Реконструкцијата на настанот покажа дека 13 годишниот убиец кој тргна во крвавото дивеење испукал 57 куршуми. Неговиот истрели беа фатални за осум ученици, седум девојчиња и едно момче и еден чувар во училиштетот. Масакрот кој го изврши 13 годишникот важи за најсуровото детско масовно убиство во историјата на Балканот.

Убиецот е во психијатрсика болница. Неговиот татко пак е уапсен и веќе му е одреден 48-часовен притвор. Шокантно е што обвинителството во Белград соопшти дека убиецот не може кривично да се гони затоа што се уште нема наполнето 14 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ предложи мерки да се намали лимитот за кривична одговорност од 14 на 12 години.  Во меѓу време, просветните работници во Србија најавија и штрајк во училиштата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста