„За или против“: Македонија во предвечерието на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев

  • „За очекување е да го минимизираат ликот и делото на Гоце Делчев, таткото на современата македонска нација и апостолот на македонската револуционерна органиција. Тоа е така и така ќе остане додека ДУИ и СДСМ се на власт. Ние како ВМРО-ДПМНЕ правиме се во рамки на партиското дејствување. Како партија испраќаме од делегација, главната делегација ќе ја предводи претседателот Христијан Мицкоски, ќе има и делегација од патриотското друштво. Ќе имаме и требини во повеќе градови во Македонија по повод 120 години од смртта на Гоце Делчев“ вели во емисиско гостување на телевизија Алфа, Александар Пандов – Претседател на патриотско друштво на ВМРО – ДПМНЕ.

Во емисијата „За или против“, гостин беше и Воислав Зафировски – поранешен претседател на Антикорупциската комисија. На прашањето за 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев, Зафировски вели исклучително голем празник и жалосно е тоа што власта ја нема никаде.

  • „Ни да ги повика граѓаните на настани, манифестации, остана опозицијата да организира. Власта ја нема никаде. Ова е во принцип во подолг период вака. Јас да не можам ни да си прочитам дека сум Македонец во извод на родени дека сум граѓанин на не знам која Република“ вели Зафировски.

Зафировски дополнува и дека македонскиот народ иако го трпи ова, како многу пати досега ќе го препроди и како што вели планот на владејачките гарнитури нема да им успее.

  • „Оваа власт она што го прави, само Македонците ќе изгубат, Албанците ќе останат Албанци и сите други заедници. Сите доаѓаат и ги говорат етничките заедници, а на Македонците. Тоа е е еден зацртан пат на власт, што претставува туѓа агенда и тие треба да го реализираат. Но една порака до нив, Македонскиот народ низ вековите останал и успеал се да преброди, па така ќе биде и сега“, Воислав Зафировски – поранешен претседател на Антикорупциската комисија.

На Бугарите им е јасно дека Гоце Делчев бил Македонец и затоа барал неговото вечно почивалиште да биде во главниот град на Македонија, заклучува Пандев. Додава дека ова сега што го доживуваме е тотално обезличување на Македонците.  

Наспроти, Пандев, Зафировски смета дека властите во Македонија се исплашени се до смрт од Бугарија и затоа нема никаков одговор на сите провокации.

  • „Токму поради тоа не организираат ниту еден настан за 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев. Бугарија почна да го слави Делчев од 2017 година од кога видоа шанса да се поигра со Македонците и нашата националност“ анализира Зафировски.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста