Македонските пожарникари се враќаат од Турција: Жал ни е, не извлековме преживеан!

Мртви тела насекаде и целосно разрушени згради. Вака македонските пожарникари кои веќе се на пат назад за Македонија ја опишуваат сликата во турскиот град Газиантеп. Шест членови на противпожарната бригада веќе една седмица извлекувале само починати и се справувале со урнатините на целосно уништените објекти во Турција. Враќајќи се кон Македонија тие за Алфа споделуваат ужасни искуства од акциите кои таму ги презеле, притоа жалејќи што не наишле на ниту еден преживеан, туку дневно излекувале по 10 тина мртви тела.

„За жал ние бевме на локации каде имаше урнатни и само загинати лица. На наидовме на преживеани, зивлекувавме преку 10 загинати дневно. Сликата е таму баш онаква како што пренесуваат медиумите во светот. На сите што се таму им посакувам да ја завршат најдобро шт можат работата и да останат здрави и живи!, вели Данчо Билбилоски Заменик Командир на Чета.

Во Газиантеп имале помош од турските колеги кои ги насочувале на локации кои биле целосно покриени со урнатини. Освен турските пожарникари, командирот вели дека доста спремни екипи биле пожарникарите од Тајван и Бугарија коишто неуморно трагале по преживеани. Засега не се знае дали противпожарната бригада ќе испрати нова екипа во Турција. Во меѓувреме хуманите акции во Македонија не запираат. Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во соработка со писателот Венко Андоновски ќе претстави перформанс за финансиска поддршка на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Дебарско-кичевската епархијa со повик за помош на настраданото население во Сирија и Турција. Тие упатуваат јавен повик до целата охридска јавност, политичките партии, бизнис заедницата, граѓански здруженија, невладини организации и ИВЗ, да се приклучат кон помагање на жртвите. Македонската Влада денеска прогласи Ден на жалост во спомен на жртвите од разорните земјотреси. Додека Македонија се обидува да ја покаже својата хумана страна и да пружи помош за настраданите, бројката на жртви се искачи над 33 илјади лица. Низ јужна Турција и северна Сирија милиони луѓе се оставени без домови, а температурите продолжуваат да паѓаат под нулата секоја ноќ. Од Обединетите нации предупредија дека повеќе од 800 илјади луѓе се без соодветни оброци и стравуваат дека конечната бројка на загинати може да се удвои од досега официјално потврдената.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста