Македонија не им дава шанса, а Европа на големо ги вработува нашите доктори и медицински сестри

Партиските вработувања, критериумот звучно презиме и ниските плати се најчеститите мотиви за одлив на мозоци од македонското здравство. Вратите на Европа се ширум отворени за искусни доктори и медицински сестри од Македонија, а 29 годишната докторка Ивана Димов својата професионална патека од неодамна ја започнала во Австрија како специјализант на Клиниката за психијатрија во гратчето Лиенц. Од 2021 година па наваму таа успеала самата да се вработи најпрво во Австрискиот Црвен Крст, а потоа и како специјализант на Клиника. Во Австрија за разлика од Македонија, државната агенција за вработување самата те повикува за работа веднаш откако ќе се ослободи место, раскажува за Алфа докторката од Македонија. Таа вели дека никогаш не би се вратила назад, а како причини ги набројува катастрофалните услови и примања кои нашата земја им ги нуди на здравствените работници.

„На државните специјализации влегоа само звучни презимиња,  или по фамилијарна линија нели цело стебло на доктори или партиски. Никогаш јас не бев ниту во можност да аплицирам за некоја државна работа, додека тука на двете места ми ме повика“, вели Ивана Димов која е на специјализација на Клиника за психијатрија во Австрија.

Димов е веќе адаптирана и добро прифатена од австриското општество, задоволна е од животот таму. Младата докторката ја воочува огромната разлика за живот и професионална надградување меѓу нашата замја и Европа и токму тоа е главната причина зашто никогаш не би се вратила назад.

За жал, доктори и медицински сестри според последните информации на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита  на големо ја напуштаат Македонија. Според неофицијалните статистики на Македонското лекарско друштво , секоја година околу 200 општи доктори и специјализанти, како и уште толку медицински сестри се одлучуваат да заминат од некоја во европските земји. Германија, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија, голема е листата на земји кои ги примаат нашите доктори и им нудат подобри услови.

На протестот на здравствени работници пред Клиничкиот центар на 22 февруари, беше кажано дека е голем одливот на медицински сестри и како што беше нагласено, пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста