Земјоделци за Алфа: Ќе пропаднеме, со замрзнување на цените власта свесно не ништи како производители

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на владата. станува збор за доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, сите заминуваат под мраз.

За земјоделците и производителите на овошје и зеленчук владината одлука е погубна за секторот. Велат дека со последното замрзнување тие се обесправени, но и дека ова води кон затворање на оранжерии и пропаст за градинарското производство во земјава кое и онака е на стаклени нозе, зашто мораат да продаваат под производната цена. Капак на се е што листата може да се зголеми, а министерот за економија побара помош од граѓаните тие да ја надополнат со производи на кои треба да им се замрзне цената.

Земојделците велат дека со ваквиот чекор свесно се ништи секторот и власта сака да го дотолчи домашното производство. Претходно и други произвoди добија „мраз“ меѓу кои и лебот, макароните, јајцата, оризот. Одлуката за замрзнување на цените за дел од економистите била нужна и дека тешко би го подобрила животниот стандард на граѓаните.

Б.Г.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста