Ладна зима, уште поладна пролет за студентите во „Гоце Делчев“, директорот им ги зел греалките оти имало парно

Директорот ги земал греалките во студентскиот дом „ Гоце Делчев “ бидејќи било топло, студентите му одговорија дека лаже.

Во телефонски разговор за Алфа , Директорот на студентскиот дом Виктор Велевски кажа дека студентите не биле оставени без греење, а дополнителните греалки биле одземени бидејќи во домот имало греење од градското парно и температурите веќе биле високи. Според Велевски, дополнителни греалки не биле наведени во договорот за сместување што го потпишуваат студентите .

Во соопштението беше наведено дека студентите се оставени без греење, тоа не е точно. Одземени се дополнителни греалки кои не се во договорот за сместување.  Да е навистина ладно нема да направиме проблем, ние цела зима допуштавме да се греат на нив и не направивме проблем и покрај тоа што сметките за струја беа астрономски.  По европската норматива во „ Гоце Делчев“ е 20 степени , и тоа е услов и за хостел за каде сакате во цела Европа . Студентскиот дом е така проектиран уште при реновирањето. Ако кај нив дома е 35 степени , не знам, секој е различен  вели Велевски за Алфа.

Според директорот иако на сила биле антикризните мерки тој во текот на зимата допуштил и да работат ливтовите и да се користат дополнителни греалки. 

Tотална лага е дека за време на зимата не им биле одземени грејните тела на студентите, реагираат од движењето „ Студентски отпор“.  Дури постоеле шпекулации дека двајца студенти кои користеле грејни тела во текот на зимата биле и избркани.  Од „Студентски отпор “  упатија порака до директорт да ја следи временската прогноза и да види дека во март имало студени денови кога неопходно било вклучување на дополнителни грејни тела, а парното е исклучено навечер . Тие директно упатија прашање до Велевски :

Тотална лага е дека за време на зимата не им биле одземени грејните тела на студентите. Како движење „Студентски отпор“ поставуваме прашање упатено до директорот: Дали додека ги одземате грејните тела на студентите, поради тоа што ги користеле за месец март, дали во истиот временски период сте користеле дополнителни грејни тела како и вработените во Студентски Дом Гоце Делчев?, реагираат од Студентски отпор .

Од движењето додаваат дека грејната сезона трае до 15-ти април и дека дотогаш студентите можат да користат греалки.

Алфа направи и обиколка околу студентскиот дом. Студентите не сакаа да застанат пред камера, но го потврдија случајот.

Инаку подобрувањето на студентскиот стандард во студентските домови беше една од причините заради која студентите излегоа на протест во ноември лани. Тогаш им беше ветено дека на стартот на годинава ќе се започне со санација на домовите онаму каде е најитно , а предвидена е реконструкција на осум студентски домови со пари од Германската развојна банка.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста