Лажнa дојавa за поставени бомби испразни осум скопски училишта

Лажна дојава за поставени бомби преку електронска пошта пристигна во осум скопски училишта. Пријавата стигнала првично до пет средни училишта во Скопје, гимназиите „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“ и во стручното „Боро Петрушевски“, а подоцна била испратени уште во три. Средношколците заедно со професорите и техничкиот персонал на пладне беа евакуирани, а антитерористичките екипи од Министерството за внатрешни работи неколку часа пребаруваа по училиштатата.

  • „Паралелно со проверките на лице место со антитористичките екипи, работиме и на истрагата и потрага по заканувачот, и кога ќе биде комплетно расчистено ќе ја известиме јавноста“, известија од МВР.

Наставата од прва смена беше прекината, а на оние, кои требаше да бидат втора смена, им било кажано да не влегуваат во училиштата, ниту во училишните дворови додека трае безбедносната проверка.

  • „Втора смена сме и ни рекоа да не влегуваме во училиштето, ниту во училиштниот двор. Не ни кажаа што е точната причина, но веста за дојава за бомба се рашири меѓу нас учениците“, изјави двајца средношколци од гимназијата „Никола Карев“.

Реакција веднаш стигна од Сојузот на средношколци. Изразија загриженост и бараат поголема безбедност во училиштата.

  • Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес, се вели во соопштението.

 Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање. Инаку ова е втора дојава во последната недела. Пред неколку дена, емаил пошта стигна и од вработен во ЈСП за поставена бомба поради тоа што во јавниот градски превоз немаа земано плата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста