Соседите во зградата на изгорениот стан во Штип бараат помош, проблем е сопственичката

Станарите во зградата 5В на улица „Широк дол„ во Штип бараат начин како да и помогнат на соседката, а со тоа и си ги спасат  домовите од непредвидливи ризици. Категорични се дека жената која живее во станот кој во неделата вечер целосно изгоре и во ризик стави  дваесетина семејства, има потреба од помош.  Од институциите барат  соодветно да реагират.

Ова не е прв пат. Овде сме дваесет години. Трет пат се пале„ – изјави Снежана Тодорова.

Сами гледате, полно е картони, пластика. Тапа да најде, тапата ќе ја земе. Кучиња внатре чува. Она е болна жена. Секаде се обративме, но ништо„ – изјави Ване Маноилов. 

Финансиска помош за станарите чии станови претрпеа штети денес им вети  градоначалникот, но и логистичка поддршка во институционалниот лавиринт..

Во однос на она што практично е побарано од нас покрај тоа што не сме надлежни ќе искомуницираме со институциите на системот за да се реши проблемот што се провлекува со години„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Од штипскиот Центарот за социјални работи информираат дека лицето не е во нивна евиденција од 2014 година и е корисник на пензија. Во моментот тим утврдува дали членови од семејството би можеле да се грижат за нејзе.

Пред десетина години станарите имат поднесено и петиција до Локалната самоуправа, но решение за проблемот се уште немат. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста