Коцарев: Сите 120 пратеници да гласаат против уставните измени

„Сите 120 пратеници да гласаат против Уставните измени“. Во исчекување на уставните измени, на кои владејачкото мнозинство инсистира, а опозицијата црвсто се противи без гаранции од Брисел дека ова е последното барање за Македонија, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев повикува сите народни избраници да го притиснат собраниското црвено – „против“. Отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите во Преамбулата нема да ги задоволи бугарските апетити, туку напротив, смета Коцарев, тоа ќе биде само основа за понатамошните позастрашувачки барања од официјална Софија. Само како горди Македонците треба да чекориме по европскиот пат, кој ќе ни донесе сигурност и економски напредок, без да го изгубиме идентитетот – вели академикот во интевју за неделкот Фокус. 

  • Ако сега кажеме не, колку и да се чини на прв поглед парадоксално и противречно, Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ, и да додадам, да опстои и да не се распадне. Во спротивно, ако дозволиме уставни промени, тоа ќе значи широко отворање на портите за други, нови, нестварни и небулозни барања, што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија. Промената на Уставот е првото, пробно, дури, можеби, и не толку застрашувачко барање – другите, посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат подоцна, по започнување на пристапните преговори“.

Желбата на политичарите за доаѓање и опстојување на власт ја  доведоа Македонија до продавање и предавање на сè што е македонско дециден е претседателот на МАНУ. Договорите со Грција и Бугарија, повторува Коцарев, се потпишаа единствено на штета на Македонија. Но, и фалбите на власта за Договорот за ФРОНТЕКС се безпредметни, вели Коцарев, ако поткленеме на барањето на Софија дека македонскиот идендетитет и јазик постојат од 45-та.  

Официјалниот став на Бугарија е дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека постои од 1945 година. Дали сте се прашале што ќе се случи ако прифатиме дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик постојат од 1945 година? Во тој случај, за неколку децении од денес, под притисок на демократската  јавност, македонскиот идентитет и јазик природно ќе исчезнат, ќе ги снема како комунистички, недемократски творби, ќе „догори оганчето, крај“.

Дали воопшто некој денес се сеќава дека пред триесетина години, Арбитражната комисија на чело со Бадинтер, претседателот на Уставниот суд на Франција, заклучи дека имаме право на називот „Македонија“ прашува Коцарев.

Претседателот највисоката македонска научна институција е еден од најгласните кои силно се противи на какви било договарања кои ги ништат Македонците и македонското постоење.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста