Истрага во американскиот конгрес за повлекување од Авганистан

Последните денови од американскиот конфликт во Авганистан беа обележани со хаос и смрт, бидејќи брзиот напредок на талибанците ги изненади американската војска и Стејт департментот.

  • „Поради напуштањето на должноста од страна на администрацијата на Бајден, светот гледаше како се одвиваат потресни сцени во и околу аеродромот во Кабул во следните две недели“, вели Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Републиканците покренаа истрага околу настаните од август 2021 година. Демократите тврдат дека основата за хаотичното повлекување била поставена од претходните претседателски администрации.

  • „Годините пред повлекувањето во 2021 година, одлуката да се вклучи во директни преговори со талибанците со исклучување на авганистанската влада и поканата да се состанат во Кемп Дејвид го потврдија меѓународниот легитимитет на Талибанците“, вели демократот Григориј Микс.

Конгресот, исто така, прашува зошто има заостаток во обработката на визите за десетици илјади Авганистанци на кои им беше ветена безбедност во замена за помош на американските сили.

Од организацијата која помогна во поддршката на напорите за евакуација велат дека неуспехот не се однесува само на една администрација.

  • „Ова не е приказна за неуспехот на Бајден или неуспехот на Трамп. Ова е приказна за американскиот неуспех и ефектот што тој го имаше и продолжува да го има врз Авганистанците“, вели Питер Лусиер од Тим Америка Релиф.

На крајот, околу 122.000 луѓе беа пренесени со хеликоптер надвор од Авганистан во деновите пред предавањето на талибанците. Но, имиграцискиот статус за оние Авганистанци кои стигнаа во САД сè уште е неизвесен, а десетици илјади останаа заробени во Авганистан.

  • „Плачевме додека ги слушавме пораките оставени од децата кои молат за наша помош“, вели Френсис К. Хоанг од Алиед Ерлифт 21.

Припадниците на американските сили, исто така, сведочеа дека нејасните правила за ангажман на аеродромот во Кабул ги оставиле беспомошни – и тврдат дека тоа на крајот довело до бомбардирањето на 26-ти август – најсмртоносниот ден за Американците во Авганистан во последните 10 години.

  • „Повлекувањето беше катастрофа, според мене. Имаше неоправдано недостаток на одговорност и негрижа. На 11-те маринци, еден морнар и еден војник кои беа убиени тој ден не е одговорено“, вели поручник Тајлер Варгас-Ендрјус, американски марински корпус.

Американските законодавци велат дека од челниците на државните секретари и секретари за одбрана наскоро ќе биде побарано да сведочат за улогите на нивните оддели во евакуацијата.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста