„Во Фокус“: Како со потпис на Љубчо Георгиевски Македонија го проблематизираше македонскиот јазик и се откажа од Македонците во Бугарија уште во 1999-та година?!

22 февруари 1999-тата година во Софија потпишан беше првиот договор меѓу Македонија и Бугарија. Според текстот на кој параф ставија тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, прв пат од македонска страна се проблематизира македонскиот јазик. Владата тогаш предводена од Георгиевски сметаше беше на ставот дека постигнат бил голем успех, со што поранешниот премиер се фалеше и повеќе од деценија подоцна, во документарниот серијал за 20 годишната независност на Македонија.

-И сметам дека тука се направи една компромисна формулација, која гледам ден денеска максимално има пофалби, гледам во тие научни кругови дури се многу често цитира во разни докторски дисертации на решавање на проблеми и сметам дека тоа беше едно соломонско решение, кое денеска гледате на никој не му претставува проблем, велеше Георгиевски години по потпишувањето.

Големиот успех кој тогашниот премиер се обиде да го продаде, сепак ни ја донесе првата голема отстапка која Бугарија и ден денес си ја користи, иако тогаш не беше членка на Европската Унија. Во документот се потенцира дека договорот се потпишува на македонски јазик, но само според Уставот на Македонија, и бугарски според Уставот на Бугарија. На овој начин според многумина уште тогаш се удоволуваше на бугарските барања, бидејќи официјална Софија никогаш не го признавала македонскиот јазик, а официјално Скопје никогаш немало проблем со бугарскиот јазик. 

-Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на двете земjи – бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при што двата текста имаат еднаква важност, пишува во Договорот.

Втората голема отстапка од македонска страна беше откажувањето од Македонците во Бугарија, чиј број не е воопшто мал, иако истиот тој Ѓоргиевски неколку години пред тоа додека се бореше за власт говореше дека мораме да се грижиме за правата на нашите Македонци во пиринскиот дел.

-Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на Република Македониjа, се вели во Договорот.

Тогаш ни беше претставува слика која денес гледаме дека е сосем спротивна. Договорот ќе донесел нормализација на состојбите меѓу двете земји.

-Нашите две држави навистина заслужуваат една нормализација, а сметаме дека неоправдано е ова неколку годишно отсуство на непотпишување на основните економски закони, изјави во 1999-тата Љубчо Георгиевски. 

Сепак според она што можеме да го видиме 24 години подоцна, состојбите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши. Овој договор по се изгледа претставуваше само отворање на пандорината кутија, која ни го донесе и договорот потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов во 2017-та година, само сега проширен од надограден, според она што можеме да го видиме во корист на Бугарија.

Една од точките кои бугарската страна се почесто ги прекршува последниов период, а е од договорот од крајот на 20-от век, е и онаа каде што двете страни се задолжуваат дека ќе преземат ефикасни мерки за спречување нанедобронамерна пропаганда и омраза од двете страни. Кога ќе ги видиме бугарските културни клубови во државава, со спорни историски имиња, поддржани токму од официјална Софија, јасно е дека оваа точка од договорот е прекршена од страна на бугарските власти.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста