Ковачевски и Османи во Блед на Мишел му кажале дека Македонија очекува членство во ЕУ до 2030 година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи преку Фејсбук информираат дека во рамки на самитот на балканските лидери што се одржува во Блед, Словенија, имале билатерална средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кому му кажале дека земјата нема да отстапи од европската интеграција.

„Со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на средбата во Словенија, разменивме мислења за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени. Говоревме за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, за што имаме поддршка и од ЕУ.

Согласни сме дека сите политички чинители имаат обврска да придонесат кон забрзувањето на евроинтеграциите на земјата, бидејќи Македонија мора да ја искористи оваа единствена шанса за членство во ЕУ“, информоира премиерот преку Фејсбук за средбата.

Разговорите со претседателот на Европските совет беа продуктивни, а во фокусот беа преговорите за членстви во ЕУ, порача Османи од Блед.

„Во фокусот: преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, европската перспектива на земјите од Западен Балкан и регионалната соработка. Владата останува максимално посветена во реализација на стратешката цел: полноправна членка до 2030 година, за стабилна и просперитетна иднина на нашите граѓани. Унијата наш недвосмислен партнер во реализација на домашната реформска агенда“, напиша Османи.

На билатералната средба што се одржа пред денешниот почеток на Бледскиот стратешки форум присуствувал и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на својот профил на Твитер (X) по вечерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици.

Тој искажа пофали пофални зборови за решеноста на Македонија и премиерот Ковачевски да се  напредува во реформската агенда на ЕУ и да се дадат конкретни резултати.

Министерот Османи пак, на Фејсбук сподели и фотографија со албанскиот премиер Еди Рама, со кого, очигледно, разговара неформално на некоја од паузите на самитот на балканските лидери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста