Казината и обложувалниците вртат милијарди – Државата нема намера да воведе ред

Со години траат обидите и очекувањата на Движењето Антикоцкање СДСМ и ДУИ да го исполни тоа што го ветиле околу закон со кој игрите на среќа ќе се организираат надвор од населените места.

Веќе шеста година паралелно со владеењето на СДСМ и ДУИ неуспешни се обидите на Движењето Антикоцкање да ги убеди властите да се промени законот и игрите на среќа да бидат неколку километри надвор населено место, сметајќи дека на тој начин ќе се намали негативното влијание на таквите активности.

Но тие велат дека проблемот не е во нив, туку во властите кои не почитуваат она што го ветиле. Наместо да донесат закон кој што го ветиле, овие две партии предлогот го оставиле во лавиринтите на Собранието.

– „Бараме од нив да дадат максимумот и да стојат на тоа што сме се договориле. Фактички во времето кога требаше да се донесе законот не успеа во случај бидејќи немаше кворум бевме многу блиску до донесување на законот но меѓутоа изгледа дека почнуваме од почеток“ – Изјави Џемал Абдиу.

Додека властите ветуваат и не исполнуваат, според здружението Антикоцкање ситуацијата станува се поаларманта. Според нив се случува непишаното правило во сиромашна држава поголем да биде бројот на казина и обложувалници наместо да има повеќе фабрики.

„На почеток ние кога почнавме да дејствуваме како Движење Антикоцкање имаше 30 казини и над 140 обложувалници. Меѓутоа жалосно е што од ден на ден тие објекти се секој ден се повише и повише и се отвораат пред наши куќи“ – Додаде Абдиу.

И граѓаните на Тетово сметаат дека премногу има обложување и коцкање, а овој феномен не носи ништо добро на ова општество.

– „Не е на добро, сигурно не е на добро, многу работи искривени така и ова.Не би рекол дека нема решение. Можеби решението е како на други места, каде мислам се лоцирани на перифериите од градот, насекаде низ светот постојат, меѓутоа дека се премногу е факт, не може да не радува податокот“
– „Има коцкарници во секој град, овде има стварно превише стварно има. ПРАШАЊЕ зошто ги има, има пари или има сиромаштија- Будалаштија има. Ни паре ни богатсво, будалаштија има.“
– „Што да ти кажам, луѓето имаат пари. Едни имаат, едни немаат. Тие што имаат се коцкаат.“

Од друга страна сопствениците на обложувалници велат дека речиси осум илјади луѓе ќе останат без работа ако државата забрани да има игри на среќа на одредени места. Скорешна анализа покажа дека само за една година во Македонија се дадени милијарда евра на коцкање.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста