Ковачки: Ковачевски е трајно неспособен – Дали лажел за да избегне војска или имаме трајно неспособен човек за премиер?

Димитар Ковачевски е „трајно неспособен“ а тоа го докажуваат и документите кои се појавија на социјалните мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат и дека премиерот или извадил лажна потврда или на чело на државата имаме „трајно неспособен“ човек.

– „Ова води до два заклучока. Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме трајно неспособен човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува. Доколку пак Ковачевски навистина е трајно неспособен, не знаеме дали таа состојба кај него прогресирала и дали тој е целосно функционален да ги извршува државничките задачи. Доколку Ковачевски лажел за својата здравствена ситуација, тогаш ние на чело на државата имаме патолошки лажго.„ – Изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Која и да е вистината, Димитар Ковачевски мора да си даде оставка, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Објавувањето на документот, извадок од евиденциона книга на АРМ следи откако опозицијата му даде едно-дневен рок на Ковачевски да одговори дали е вистина оти свесно избегнал да служи во конфликната 2001 година, кога и бил најпотребен на државата, но тоа не се случи.

Премиерот се огласи дури денеска и тоа преку социјалните мрежи. Вели дека во тоа време имал операција и дека опозицијата ги злоупотребува здравствените предизвици со кои се соочил.

– „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ“ – Напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Ковачевски не е единствнеиот премиер од редовите на СДСМ кој избегнал да се регрутира во конфликтната 2001 година.
Здружението на бранители од Струмица – БЕДЕМ уште во 2016-та објави дека и Зоран Заев преку лекарско уверение се преправил дека е неспособен за одбрана на татковината, но само неколку месеци подоцна, односно во 2002-та, станал пратеник во Собранието.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста