И крадците се модернизираа , станови обиваат со нови методи и алатки без да остават траги, полицијата тешко ги наоѓа

Крадците во Скопје не мируваат, a и се модернизираа во начинот на провалување.  Според раскажувања на граѓаните кои од страв сакаат да останат анонимни, дел од кражбите се случуваат и сред бел ден кога дома нема никој , одземаат пари, злато и останат вреден накит.  Се случува вратата воопшто да не е обиена туку да е провалено со таканаречен специјален клуч „ калаус“ кој може да отклучи повеќе брави. Крадците се толку внимателни што зад себе не оставаат  никаква трага или отпечаток освен минималистички симбол од неколку цртички најчесто до  влезната вратата. На овој начин си кажуваат дали е просторот веќе ограбен, дали има нешто вредно внатре или колку е тешко да се обие. Полицискиот билтен е полн со пријави од граѓани. Од полицијата уверуваат дека бројот на кражби е намален во однос на лани , но  апелираат граѓаните да бидат крајно внимателни

Ако споредиме првите два месеци од 2023 со првите два месеци од минатата година имаме рапиден број на намалување на криминал особено во доменот на тешките кражби. Граѓаните обавезно да ги заклучуваат возилата, становите, куќите. Кога имаме ваков случај граѓаните веднаш да пријават во најблиската полициска станица , вели Тони Ангеловски портпарол на МВР.

Не само во станови , Во полицијата се пријавуваат и кражби во автобус или на автобуска станица. Се крадат и патнички возила, кои од немарност само на момент биле оставени отклучени, а крадците не чекаат многу.  За многу од случаите на полицијата и треба и подолго време да ги расчисти

Зависи од случај во случај. Некои се расчистуваат за еден ден, некои им е потребно повеќе време, вели Ангеловски.

Кражбите во Скопје се проблем со кој граѓаните се соочуваат со години. Граѓаните сведочат  за организирани групи кои оперираат низ градот.  Жртвите раскажуваат  дека во една населба се случувале и по повеќе кражби во краток временски период.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста