Бугарите жестоко по Пендаровски откако тој побара извинување за депортацијата на Еверите

Свежоразбудениот патриотизам на Пендаровски ги разгневи бугарскитe националисти.

Откако претседателот за смирување на страстите меѓу Македонија и Бугарија побара извинување за улогата на профашистичката влада во Софија за депортацијата на македонските Евреи, гласноговорниците за негација на македонскиот народ се разшестија.

Копретседателот на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски повторно во негов стил “удри” по Пендаровски. Тој на социјалните мрежи пишува дека Пендаровски со барањето демонстрирал скандалозна антибугарска дрскост, вели дека бугарското МНР треба да одговори и да побара итно извинување.

Пендаровски  уште еднаш излажа дека властите во Софија имаат врска со депортацијата на Евреите од териториите на денешна Северна Македонија. Докажан историски факт е дека се работи за целосна и крајна лага. Истовремено, Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка, пишува Џамбаски.

Со коментар се јави и Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој пак, порача дека Пендаровски ќе одговарал за својот неонацизам.

„Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе сфати“, пишува Стојанов.

Но не се само овие политичко-општествени фигури кои се најдоа повредени од изјавата на македонскиот претседател, се огласи и копретседателот на македонско-бугарската комисија за ревиридрање на историјата, Ангел Димитров.

„Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји“, вели Димитров.

На една година пред одржување на претседателските избори, сегашниот претседател Педнаровски се сети дека треба да застане во одбрана на својот народ, иако во насока на проблемите со Бугарија особено за прашањето за Гоце Делчев, претседателот рече дека македонскиот револуционер се декларирал како бугарин, но не се заборавени и изјавите на Пендаровски кон Борисов, каде по поздрави со Здраво љубави, како си ми?

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста