И за скандалот на Онкологија на крај ќе испадне дека крив е кабелот, само седум луѓе под истрага

И за скандалот на Онкологија на крај ќе испадне дека крив е кабелот, само седум луѓе под истрага

Доктори, медицински сестри, фармацевти или директори – кои се седумината осомничени од Клиниката за онкологија и дали оваа бројка е само само едно парче од мозаикот за препродажбата на скапи онколошки лекови? Со последната изјава на министерот Оливер Спасовски дека се водат финансиски истраги за седум лица поврзани со скандалот на онкологија се отвара дилема дали ќе одговараат само “ситните риби” или меѓу нив има и бивши функционери? Од МВР не откриваат детали за како што велат во интерес на истрагата.

“Во интерес на истрагата МВР не може да соопшти детали за кој профил на вработени – осомничени станува збор. Тоа што досега го соопшти министерот Оливер Спасовски тоа е се што може да се открие засега”- велат од МВР.

И од обвинителството засега нема конкретни информации за скандалот со  препродажбата на скапи лекови на грбот на најтешко болните. Предистрагата трае речиси месец и половина а досега нема никаков исход.

И додека истражните органи го истражуваат скандалот на онкологија, собраниската Анкетна Комисија се фати за работа. На втората седница поранешниот министер за здравство Беким Сали беше првиот сведок кој се појави и сведoчеше пред пратениците.Тој со скандалозна изјава кажа дека  никогаш не знаел дека на Клиниката имало КАТО систем. Меѓудрогото нагласи дека немал поим за кражбата на цитостатска терапија и манипулации со неа.

Пред комисијата сведочеше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој откри дека седум лица се осомничени и се водат истраги за нив. И според него секој за кој ќе се утврди вина, ќе треба не само да биде во притвор, туку и да носи одговорност пред надлежниот суд.

Анкетната комисија со работа ќе продолжи наредната недела. На собраниските клупи треба да седне поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот прв човек на здравствениот систем Меџити, а пред пратениците ќе се најдат и сегашни и екс директори на Онкологија, од Фондот, МАЛМЕД како и јавни набавки.

Целта на Комисијата, како што кажа нејзината претседателка, е да ја најдат вистината и да утврдат евентуална политичка одговорност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )