Зошто Ковачевски е зависен од Ахмети и Груби?


Deprecated: Implicit conversion from float 1714318036.587145 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Криминалот, контроверзните проекти, корупцијата и слабиот рејтинг ги држи СДСМ припиени до ДУИ. Вака упатените го коментираат ставот на Ковачевски кој по се изгледа е единствениот кој не сака интгративците да ја напуштат власта.

По лидерскиот состанок на премиерот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на големо се зборува за сите математики и комбинаторики кои може да произлезат од евентуалната широка коалиција. Ниту една партија, освен СДСМ, до сега нема ништо против предлогот на Христијан Мицкоски, интегративците да излезат од Владата и на нивното место да дојде ВМРО-ДПМНЕ. Но фактот што само Ковачевски молчи, и наместо ресорите на ДУИ, ги понуди пола од ресорите кои сега припаѓаат на социјалдемократите, ја отвора дилемата, што го држи Димитар Ковачевски толку блиску до Али Ахмети.

Гаранција за кохезијата во коалицијата е корупцијата. Станува збор за сестрана криза, и затоа најголем страв имаат функционерите, бидејќи може да се отворат досиејата за корупциските скандали. Затоа СДСМ сака да биде блиску до ДУИ – вели поранешниот министер, Џевдет Хајредини.

СДСМ гледа спас во ДУИ,  посебно сега кога се соочува со пад на рејтингот – бидејќи шансите да победи на избори и да формира Влада, се непостоечки.

Според последните анкети, каде СДСМ стои катастрофално со рејтинг, не сакаат да го изгубат ДУИ. Тие се надеваат дека со ДУИ и/или Алијанса за Албанците може да ги добијат изборите, а СДСМ сами, ќе изгубат катастрофално од ВМРО-ДПМНЕ – вели новинарот Џенур Исени.

Евентуалното реструктуирање во Владата доаѓа откако вчера Ковачевски му понуди на Мицкоски влез во коалицијата ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат за уставни измени. Мицкоски, пак, понуди услов, ДУИ да излезе од коалицијата а уставните измени да почнат да важат кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста