„Затворените карти “ за „Бехтел и Енка“ и носењето закони на штета на работниците скапо ќе ги чини СДСМ

СДСМ со губење на гласови на идните избори ќе ја плати цената за коруптивниот договорот со Бехтел и Енка. Само за да не се растури владата и да не дојде до предвремени избори, бидејќи Ковачевски сака да тера до крај, решија да одат и против Уставот и против Брисел,  сметаат дел од познавачите. Аналитичарот Атанасовски за Алфа вели дека особено нетранспарентноста околу овој договор ќе се одрази во рејтингот.

Апсолутно би имало влијание случајот Бехтел и Енка, односно случајот со кој се протурка во најмала рака да речеме сомнителен и натранспарентен начин законот за изградба на најголемиот инфраструктурен во Македонија.Имаше бранувања во јавноста, јавноста не беше воопшто запознаена со детали од договорот. Мислам дека апсолутно и ова прашање би имало влијание на намалување на поддршката за владејачката партија, бидејќи самиот процес беше од самиот старт обвиткан во еден вид на мистерија, но гледаме дека владејачката партија оди апсолутно до крај за протуркување на целиот процес, вели аналитичарот Благојче Атанасовски.

Негативното оценување на јавноста за скнадалозниот договор, односно не довербата во истиот ја покажува и последната анкета на ИПИС, каде половина од анкетираните етнички македонци сметаат дека во него има корупција и мора да биде променет, во таа линија, аналитичарите сметаат дека одбивањето на слушање на вољата на граѓаните, СДСМ ќе ја чини помалку пратенички места во Собранието. Атанасовски вели покрај Бехтел и Енка, владејачките партии највеќе можат да изгубат и заради лошото владеење.

Една владејачка партија, кога ги губи изборите ги губи поради повеќе причини, незадоволство во економија, образование, здравство, животен стандард, национални прашања сето тоа се едни од најчувствителните теми од реалниот живот, но и од емотивно- националниот сензитивен живот на граѓаните кои се решаваат да ја казнат една влајдеачка партија, додава Атанасовски

Токму овие причини, како и Бехтел и Енка беа наведени како причина на нискиот процент на доверба на СДСМ, наспроти оној на ВМРО-ДПМНЕ, заклучно последната анкета објавена пред три дена.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста