Егзодус на младите од Македонија – За десет години бројот на матуранти се намалил за 40%

Македонија како и целиот регион се соочува сомногу голем проблем за кој што малку се зборува, а тоа е масовната миграција на младите.Само во последниве10 години, бројот на матуранти во земјава се намалил за дури 40 %.

Европа годишно губи 900.000 луѓе,што значи во наредната деценија на европските земји ќе им требаат најмалку 9 милиони работници.Од тука,ние треба да се запрашаме кои се нашите перспективи-вели деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.

Така што ние покрај пандемијата, покрај овој регионален процес со кој што се соочуваме, тоа е еден голем предизвик за образованието бидејќи доколку не го решиме тој предизик, ние нема да зборуваме за перспекриви. Тоа е еден сложен проблем, да работиме на тоа да ги задржиме младите, да понудиме поквалитетно образование и да ја запреме или намалиме таа миграција на младите кадри во поразвиентите земји вели проф.др.Ратко Дуев- Декан на филозофски факултет.

Обарзованието е столб на државата, за да биде едно општество развиено и унапредено треба педагозите да имаат клучна улога за квалитетно образование.Во Македонија децата се изложени на постојани реформи во образованието,што е уште еден не помалку значаен проблем кој дополнително го усложни пандемијата.

Сметам дека сите реформи треба да поминуваат преку стручните, професионалните лица во нашата земја и само на тој начин може да се постигне врв во едукацијата на децата и од претшкоска возраст и на основото, средното образование, па и високото рече проф.др. Никола Јакуловски- Ректор на унивезитет Кирил и Методиј.

Дали во текот на пандемијата се употребуваа и соодветни техники, инструменти, за следење и вреднување на развојот на постигнувањата на учениците.Не сум сигурна дека наставата во целост се остваруваше во овој дел-рече проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска -Институт за педагогија.

Негативните резултати од пандемијата ќе остават последици врз образовниот процес во годините кои доаѓаат,универзитетските професори сугерират да се компензира се’ што беше пропуштено во пандемиските две години.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста