Донација за СОС Детско Село од ФлексКредит

Организацијата СОС Детско село од денеска има уште еден партнер кој несебично ќе помага на најранливите категории за кои што се грижи ова здружение, односно децата и младите без родители. СОС Детско Село спроведува активности во 136 земји во светот. Во нашата земја е активна повеќе од 20 години.

Главен фокус даваме на една клучна фаза на овие деца или млади, нивното осамостојување. Моментот кога треба да почнат да живеат независен живот, изјави Силвија Брајович – Претставник на СОС Детско Сел

Компанијата Флекс Кредити денес слави 2 години од нивното постоење, средствата наменети за прослава ќе ги донираат на здружението СОС Детско Село во знак на поддршка на најранливите категории дечиња кои што од разни причини немаат родителска заштита.

Дополнително истите средства, наменети за роденденска прослава решивме неколкукратно да ги зголемиме и како што рековме да станеме партнери со СОС Детско Село. Со потпишување на овој меморандум за соработка, нашата цел е и да станеме еден од најголемите финансиски донатори на СОС Детско Село, изјави Јоана Спасовска – Директор за продажба

Овој хуман гест треба да биде пример за сите организации и здруженија да помогнат на загрозените категории граѓани, со цел подобрување на состојбата на глобално ниво.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста