Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата – поскапува и храната, Владата нема нови мерки

Драстично покачување на горивата. Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена. Од полноќ 98 октанскиот бензин ќе се продава за 106,5 денари, еуросупер 95 за 104 денари, дизелот 95 и екстра лесното домаќинство за 93 денари.

Поскапувањето  за дури 10 денари доаѓа како последица на тоа што Владата не ја продолжи мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 отсто и се враќа акцизата.

Владата одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки.

Ова би значело поскапување на лебот, брашното и млекото за 5 до 6 денари, како и на маслото за јадење и до 10 денари.

Ќе следува и доплонително поскапување во наредните денови, но не само на овие туку и на сите останати производи зашто освен враќањето на ДДВ-то и на маржите, на крајните цени ќе влијаат и поскапените енергенси и други сировини.

Компаниите признаваат дека ќе мора да стават нови покачени цени за финалните производи. Од Агро- Бизнис комората во неколку наврати порачуваат дека се потребни мерки како активирање на стоковите резерви и субвенции за електрична енергија.

 Две квалитетни мерки . Активирање на стоковите резерви коишто ги има државата со соодветно ниски цени коишто ќе овозможат цените на финалниот производ да се стабилизираат и да бидат со пониски цени. Втората мерка е субвенционирање на електричната енергија цената на потрошувачите кои се на регулиран пазар со  електрична енергија.  ( лепи ) Компаниите си прават калкулации го имаат предвид осиромашувањето затоа и покачувањата не се 100 тици проценти. Секоја компанија ќе калкулира до каде може да оди – вели Горан Ѓорѓиевски – претседател на Агро-бизнис комора

Според Државниот завод за статистика течните горива веќе се поскапени за 53,5% споредено со април 2021 година, а храната за речиси 15%. Македонија се соочува со најголемата инфлација од почетокот на 90-те години.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста