Добивме НАТО, изгубивме многу- дали вредеа сите жртви и Северна само за членство во Алијансата?

Го добивме НАТО, загубиме многу – уставното име, но и правото на античката историја, на сонцето од Кутлеш, па дури да ги користиме термините Солун и Лерин, во официјална комуникација тие сега се Тесалоники и Флорина и тоа само за нас – за Србите и Бугарите си останаа по старо. Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски вели многу малку добивме, за жртвата што ја направивме. 

-Го загубивме името, го загубивме брендот, ја загубивме библиската одредница, етничкиот карактер што го имавме. Ние го имавме етничкиот предзнак за Македонци, го изгубивме тоа. Што добивме, го добивме НАТО, некој ќе каже се уште немаме анализа какви се придовките, затоа што НАТО сепак претставува и одредени обврски кои претставуваат финансиски товар за државата, изјави Јанкуловски.

Според него големиот проблем што го донесе Преспанскиот договор покрај промената на Уставот и уставното име, е и што ги зголеми апетитите на соседните држави, што можеме како пример да го видиме сега со Бугарија.

-Ја отворивме пандорината кутија во регионот, видовме дека волците што ја опкружуваат Македонија не се баш така во јагнешка кожа, туку си го покажаа правото лице во односите со Бугарија и во основа треба да се заокружи процесот. Ги изгубивме шахтите, го изгубивме знамето кое беше државно, дозволивме по диктат на една држава да го изгубиме, она кое што беше државен симбол во време на формирањето на државата, изјави Јанкуловски.

Јанкуловски вели проблематично е и што Уставниот суд се уште молчи околу оспорениот указ за уставните измени, кој помина без потпис на тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

-Уставниот суд наместо да се произнесе за тоа, Уставниот суд со години го држи под тепих што се вели. Името со одомаќи очигледно, бидејќи гледам дека Владата не го вади од уста Северна Македонија, Северна Македонија. Добивате грижа на совест ако си го кажете правото име на државата Република Македонија, Македонија, изјави Јанкуловски.

До Уставниот суд претходно беа доставени уште три иницијативи, една од нив беше за начинот на кој беше изгласан договорот од Преспа во Собранието, без да биде испочитувана волјата на граѓаните, по неуспешниот референдум, каде граѓаните кажаа не со бојкот на истиот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста