Дали Струга ќе добие споменик од 3.5 метри посветен на Косово?

Со бесправно поставување на спомен обележја од други држави во срцето на Струга се подрива уставниот поредок на Република Македонија,што ќе повлече и нарушување на кревките меѓуетнички односи-предупредуваат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која пред Уставниот суд ја обжали одлуката за подигање на 3,5 метраското спомен обележје кое Косовскиот конзулат планира да го постави на самиот кеј на реката Дрим. Од судот побаравме да донесе времена мерка за запирање на градбата,а во исто време бараме од Министерството за култура и Државните испекторати за градежништво и локална самоуправа да извршат вонреден инспекциски надзор бидејќи ова највисоко спомен обележје кое ќе никне во Струга е класична дивоградба-велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од Уставниот суд и од државните органи и инспекторати  бараме да обезбедат почитување на законите во Општина Струга затоа што и во иднина доколку продолжи оваа пракса, а доколку тие не превземат ништо ќе продолжи очигледно,може да се појави никување на нови бесправни споменици на територијата на општина Струга и од други држави и од други контроверзни личности, со што може да се поттикне етничка и верска омраза и нетрпеливост, а најлошо од се’  може да се задира во уставниот поредок на Република Македонија, рече Ален Деребан советник од ВМРО – ДПМНЕ

Мнозинстството во гратскиот Совет ја донесе одлуката за поставување спомен обележје без никаква техничка документација, само врз основа на приложена скица и фотографија.Во важечките урбанистички планови на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на било какво спомен обележје.

Згора на се’ во Струга сме сведоци дека имаме девастација на културното наследство во поглед на грижа кон спомениците, затоа што во изминативе 20-тина години дел од тие споменици  неповратно се исчезнати,никој не води грижа за истите, рече Никола Кукунеш, советник од ВМРО – ДПМНЕ

Ова не е прв обид на кејот на Дримот да се постават спомен обележја и споменици на контроверзни личности, поврзани и со воениот конфликт во Македонија,вели Кукунеш пред камерата на Алфа која за ова инфомираше уште пред 3 месеци.

Иако надвор од секаква законска процедура Косовскиот конзулат го постави камен темелникот знак на благодарност затоа што во 1999-та за време на воениот кофликт граѓаните на Косово нашле прибежиште во Македонија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста