Гаши: Време е да се обединиме со Беса и фракционерите, за ДУИ конечно да замине во опозиција

Време е да се здружиме за ДУИ да замине во опозиција, повика претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Рече дека е во постојана комуникација и со фракционерите од ДУИ, но и со БЕСА.

Најави дека овие средби и разговори не се безначајни и спомена формирање на партија од страна на групата незадоволни од кај интегративците. „Важно е сите Албанци да се здружиме во интерес на албанскиот народ и да ја поразиме ДУИ во март следната година, кога веројатно ќе имаме избори“, додаде Гаши. Тој потенцира дека Алтернатива не поставува никакви услови за соработка со другите партии за остварување на оваа цел. Според Гаши, ако не помине гласањето за потребата од уставни измени во собранието со 80 гласови, во мај или наскоро, тогаш треба да се оди на предвремени избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста