Во најтуристичкиот град на Балканот – Охрид, летаат само две авио-компании и тоа до само 4 дестинации во светот

Со неколку лета неделно, охридскиот аеродром Свети Апостол Павле кој има потенцијал да игра клучна улога во привлекување странски гости во туристичката мека Охрид, останува празен.Воздухопловните власти не се сложуваат во целост дека станува збор за слаб авио бизнис,односно слаба поврзаност на Охрид со светските и европски дестинации. Ако се базираме на податоците од 2019-та година кога имаше над 300.000 патници,во однос на 2014-та кога имаше 45.000 патници,тоа говори за драстично зголемување на физичкиот обем на сообраќај-вели директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство. 

Значи воопшто не е мал бројот на дестинации ако почнете од мај до октомври,а да, се согласувам многу е мал бројот на дестинации во зимскиот период.Меѓутоа воспоставувањето на нови дестинации е во рамки на интересите на комерцијалните превозници, не можете со декрет да ги натерате да отворат авиолинија – изјави Томислав Тунтев – директор на Агенција за цивилно воздухопловство.

Но, за еден век постоење на македонското воздухопловство, охридскиот како еден од двата аеродроми за меѓународен сообраќај кои ги има државава,последен пат е реконструиран пред 13 години кога турската компанија ТАВ го превзеде стопанисување на аеродромите. За таа цел од средината на оваа година требало да започне изградба на новата терминална зграда која треба даовозможи зголемувања на нивото на услуги кои ги дава охридскиот аеродром .До тогаш пак ќе се чека кој ќе се јавина новиот јавен повик за субвенционирање авиолинии, откако првиот пропадна поради нецелосна документација на авио компаниите „Луфтханза“, „Виз ер“ и „Ејџиан ерлајнс“.

Повикот е отворен, ние очекуваме понуди од страна на авиокомпаниите, ние не бараме конкретни дестинации или линии како држава, туку бараме од компаниите авиопревозниците да дадат авиолинии кои ние ќе ги разгледаме – изјави Благој Бочварск – министер за транспорт и врски.

Инаку,моментално само две компании летаат од охридскиот аеродром до 4 дестиции.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста