Бројките ги демантираат македонските бугари – поднесени само 37, прифатени само 3 поплаки за наводна дискриминација

Наводните обесправувања на Бугарите во Македонија за кои источниот сосед  секојдневно реагира дефакто се демантирани преку статистика, односно преку бројките на Комисијата за заштита од дискриминација во Македонија. За речиси 3 години, односно од формирањето на комисијата, до сега се утврдени само 3 предмети каде е забележано вознемирувачки говор односно од вкупно 469 претставки доставени во комисијата 37 се на македонци со бугарска самосвест. Така паѓаат во вода сите оние писма, апели и поплаки на меѓународна сцена од страна на официјална Софија дека бугарите во Македонија не биле еднакво третирани.

Што се однесува до одлуките на комисијата, комисијата во 3 случаи утврди дека има вознемирувачки говор, 11 мислења не утврдивме дискриминација, поднесителот не доставил документација за да се исполни битието на тоа што значи вознемирување или дискриминација врз етничка основа. 16 претставки комисијата отфрли – 10 од нив заради неуредност , а 6 заради ненадлежност. Вкупно 7 претставки во овој момент комисијата ги работи и се во тек, вели за Алфа, Весна Бендевска – комисија за заштита од дискриминација.

Симптоматично е тоа што само едно здружение водено од одреден адвокат поднесува поголем број на претставки отколку физичките лица, односно од 37 претставки 11 с еподнесени од физички лица, а двојно повеќе од граѓански здруженија. Според Бендевска токму здружението пријавува случаи кои се наводно дискирминирање ама на социјалните мрежи зад кои не ретко стојат и лажни профили.

Токму заради неможноста да се регулираат овие социјални мрежи , ние имаме сериозни проблеми, зошто е толкав бројот на претставки кои сме ги отфрлиле заради неуредност затоа што најчесто ќе ви посочат име на профил без никаков личен податок против кого ние потоа да се насочиме и да бараме одговор и мислење од другата страна, вели за Алфа, Весна Бендевска – комисија за заштита од дискриминација.

Она кое го посочи членката на Комисијата за заштита од дискирминација е дека невообичаен е напливот на претставки од Македонците со бугарска самосвест со текот на годините.

Една претставка во 2021, што се случи во 2022 за бројот на претставки да порасне на 34? Претпоставка е дека после оние бурни случувања со отворањето на бугарскиот клуб прво во Битола а после сите знаеме што се случуваше никнување на бугарски клубови низ цела земја, вели за Алфа, Весна Бендевска – комисија за заштита од дискриминација.

Додека бугарите во Македонија се жалат дека биле дискриминирани, македонците во Бугарија пак се безгласна буква во општествено политичкиот живот, ниту можат клуб да отворат без проблеми, ниту пак имаат држава која стои зад нив и ги заштитува нивните права, оти со потпишувањето на договорот со добрососедство Македонија се откажа од своето малцинство во Бугарија.

Meри Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста