Вистината за Бугарија го заболе до срж Љубчо Георгиевски: Ја нерече Алфа банда и четнички корпус

Банда на вардарскиот четнички корпус со цел да ги србизира Македонците. Ова е Телевизија Алфа за поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски. На самопраглесниот бугарофил и коалиционен партнер на СДСМ во власта, не му се допаднаа серијата прилози поврзани со него и неговата љубов кон источниот сосед, па преку социјалните мрежи, во стил кој ниту малку не наликува на сериозен политичар, реши директно да удри по нашиот медиум.

-ТВ Алфа како медиум на Вардарскиот четнички корпус чија цел е политички и културно да го србизира македонскиот народ во последните денови влезе во отворена битка со мене. Значи сум ја погодил целта! Од оваа банда не се уплашив ни девеесетите,а уште помалку сега, напиша Георгиевски.

Оваа објава на Георгиевски предзвика бура реакции. Коментарите во најголем дел се со осуда кон поранешниот премиер и поддршка за нашиот медиум, но има и такви кои го поддржуваат Георгиевски.

-Точно е дека не се уплаши на почетокот од 90-те, но потоа не “предаде”!

-Еј соземи се. Нема крај на твоите антимакедонски делувања. Нема крај…

-ТВ Алфа ја погодиле целта. „Бугарашот се јави, навистина се јави.“

-Ти си Бугарин, а Бугарите никогаш не се предаваат!

-Единствен нормален политичар во Македонија.

Ова не е прв пат Георгиевски да ја нападне Алфа. Пред само еден месец, преку партиско соопштение на неговата ВМРО Народна, не прогласи за србоманска телевизија и побара Советот за  радиодифузија, кој подолго време не постои, да се позанимавал со филмовите кои оделе во програмата на медиумот.

-Скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на Алфа ТВ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ, порачаа од ВМРО Народна.

Вакви коментари и не би биле проблематични ако доаѓаат од некој политички маргиналец, но Георгиевски и неговата партија се дел од владејачкото мнозинство во Македонија. ВМРО Народна има и претставник во Собранието, дел од коалицијата со СДСМ е пратеникот Љупчо Балкоски.

Инаку, Георгиевски е човекот кој даде и скандалозен предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Предлог каде бара властите во Скопје да се откажат од Македонците во Бугарија, откажување од македонскиот јазик пред 45-та, да сме признаеле дека Делчев бил и бугарски револуционер и битката за независна македонска држава ја водел на бугарски јазик, итно менување на историските учебници по бугарски терк, а тој го потпиша и првиот договор за пријателство кој за прв пат го проблематизираше и македонскиот јазик.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста