Бумбароски за Алфа: Крвавите настани во Србија треба да ја освестат Македонија – забраната за Тик-Ток не е решение

Крвавите настани во Србија треба да ја “освестат” Македонија за конечно да почне да вложува во воспитно-образовниот систем – вели за Алфа, наставникот Гоце Бумбароски. Тој апелира власта да направи итна реформа во образованието, за да не ни се случат српските трагедии. Според него просветните работници и учениците не се безбедни, но тоа не значи дека треба да се постави војска или полиција во училиштата. Ниту пак решение е да се забранат социјалните мрежи како што се заговара. Единствена добра опција според наставниците е да се инвестира во менталното здравје на младите но и возрасните.

“Ситуацијата веќе подолго време е алармтна.Но сега веќе имаме и случаи коишто навистина не загрижува сите. Тоа што се случи во Србија е знак за нас дека сме ја преминале границата одамна на правилно воспитување на нашите поколениа. Овој немил настан треба да не освести и тоа како. Дали сме безбедни, не сме! Но не треба со војска и полиција да ги чуваме училиштата” – изјави за Алфа, наставникот Гоце Бумбароски.

Според наставниците, опасноста од насилство не постои само во училиштата, туку и надвор од нив.

“Промена на се она што семејството го издигнува на едно повисоко ниво. А исто така и родителите и ние наставниците да престанеме да бидеме себични и да гледаме само за себе.И да се посветиме на нашите деца. Ние мора да направиме друга промена.Да почитувам безбедносен систем, но дали тоа ќе го спречи ваквото однесување? ” – прашува наставникот.

По двата масакра во Србија надлежните кај нас реагираа но само со најава за неколку мерки. Првично се обзнани дека за појавата на врсничко насилство ќе може да се бара помош преку посебна мејл адреса. Во меѓувреме се најавија и уште неоколку други мерки, како што е забраната за Тик Ток. Министерството најавби и разговори со родителите но и наставниците за да се дојде до соодвбетни решенија. За разлика од кај нас во Србија од утре полициски патроли ќе бидат во близина на секое училиште. А полицијата ќе биде засилена и на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста