Бугарите не се единствен проблем: Криминалот и корупцијата големи проблеми за Македонија на патот кон ЕУ

Криминал, корупција, владеење на правото, услови во правосудстовото, сите овие работи ќе бидат сериозна пречка на Македонија на патот кон ЕУ, Бугарија не е единствен проблем. Експертите порачуваат дека Македонија мора многу да работи на домашните задачи доколку сака напредок кон Евроспката Унија. Отворањето на поглавјавата при евентуален старт на преговорите со ЕУ, ќе преставува сериозна главоболка за сите во власта, бидејќи токму таму доаѓаат најголемиот број од проблемите. Симонида Кацарска од ЕПИ порачува дека зборовите од холандскиот амбасадор за условите во правосудството, нема да се единствените кои Македонија ќе ги добие наредниов период.

-Независноста на судството е еден клучните постулати на поглавјето 23, но треба да се гледа пошироко бидејќи тоа е основата на кластерот основи. Несомнено е дека случувањата во Судскиот совет нема да бидат интерес само на холандскиот амбасадор. Поглавјето 27 животна средина, поглавјето кое што се однесува не земјоделството, не треба да го занемариме, изјави Кацарска.

Како пример дека не чека доста тежок и трновит пат и по евентуалното внесување на Бугарите во Уставот, може да ни послужи Црна Гора, која веќе цела деценија преговара, но во овие делови или стагнира или назадува. Милена Мак од Институт Алтернатива од Црна Гора кажа дека и повеќе од деценија нејзината држава има затворено само мал дел од поглавјата во преговорите.

-Црна Гора полекува станува рекордер во должината на процесот на преговори, со оглед на тоа што на крајот на овој месец ќе одбележиме 11 години од почетокот на преговорите, а имаме само три затворени поглавја. Така што иако често слушаме од Брисел дека најмногу се имаме оттргнато во процесот на пристапување, дефинитвно таа титула на лидери не е заслужена или не испратена со адокватна содржина, во смисла на оддржливите резултати, изјави Милена Мак.

Каролин Џонсон од Европското партнерство за деморкатија, ни порача дека владеењето на правото е најважниот сегмент, без кој многу други работи на патот кон ЕУ би биле невозможни.

-Демократијата, слободите, фундаменталните права, сите тие може да дојдат само ако го има владеењето на правото. Тоа важи за Македонија и сите други земји кандидати, изјави Каролин Џонсон.

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, вели дека извршната не се мешала во работата на судската власт, а оние кои се дел од правосудниот систем сами требале да сработат за подобри резултати.

-Можам само да им порачам на сите во судството, во правосудните органи во судската фела, дека треба да изнајдат, сами да смогнат сили и самото судство и самите членови, што поскоро, бидејќи само така ќе се враќа довербата. Бидејќи само така може да се врати довербата, без разлика на политиките на Владата, изјави Аврамовска Мадиќ.

Овие пораки доаѓаат во моменти кога власта ја убедува јавноста дека најголемата пречка на европскиот пат ни биле уставните измени, иако секојдневно ни доаѓаат критики во однос на владеењето на правото условите во правосудството. А Брисел ја критикуваше и злоупотребата на европското знаменце, околу законите за Коридорите 8 и 10Д.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста