Мицкоски: Потребен е пат за широко национално единство, што не значи амнестија на криминалот на СДСМ и ДУИ

Тезата уставни измени по бугарски диктат или изолација е лажна, затоа што оваа власт веќе не однесе во длабока изолација. Уставни измени нема да има – цврст став на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп, градот кој прв го дигна гласот против бугарскиот окупатор во Втората Светска Војна. Наместо слепа сервилност Ковачевски да побара од светот, Бугарија да примени барем една од 10-те правосилни пресуди од Стразбур, што се во корист на Макеоднците во Бугарија.

Измама тезата на Ковачевски или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме и во која подлабоко не втурна оваа власт. А она што е измама е фактот што кога Ковачевски ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати за кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки. Она што ме разочарува и треба нив да ги порази како личности е сервилноста која ја покажуваат пред светот. Наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да ни прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса. Треба Ковачевски како премиер да побара од истата Европска Унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на македонците во Бугарија., рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Не постои Македонија на ДУИ, СДСМ и ВМРО, десна или лева, има само една Македонија за сите. Според лидерот на опозицијата на Македонија во моментов и е потребен пакт за национално единство за да се одбрани од сите напади и го сочува идентитетот, но и да се исчисти од сите криминалните структури, пред се предводени од ДУИ, партија на кого и е време да замине во опозиција. Според него, ДУИ е клучот за тоа што е корупција и неспособното судство. Избори, одговорност и правда, мора да се случат за да и тргне на Македонија, порача Мицкоски.

„ДУИ мора да оди во опозиција. Затоа ни е потребно национално единство за да се декриминилизаира структурата која го обви нашето општество со висока корупција и црни пари. Денес ДУИ заедно со нејзиниот помал коалиционен партнер СДС е главниот клуч и за корупцијата и неспособноста во судството и обвинителството. Оваа партија за пари договара пресуди и нарачува обвиненија затоа што забегаа 22 години на власт однесувајќи се како деспоти. Време е дадат во опозиција и ќе направам се и тие и сите други да одговараат пред словото на законот и да има одговорност во оваа држава. Избори, одговорност и правда се работите кои мора да се случат за на Македонија да и тргне. рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Во градот кој живее од тутун и земјоделие Мицкоски најави нов концепт во земјоделството, нови субвенции и обезбеден пласман. Досегашните искуства покажуваат дека Макеоднија веќе увезува земјоделски продукти кој од секогаш успевале на македонската почва. Земјоделе од Кадино село сведочи за лошата состојба.

Кај се видело Македонија да увезува, краставици, пиперки домати. Сите не излажаа, тутунарите, полјоделците, сточарите. Стојката се продаде, никој веќе не чува. Го лажеа народот, ама народот повеќе не се лаже. Сите сакаат од тие панелите да наместат, ама панели и струја не се јадат, Гоце Кебакоски, земјоделец Кадино село.

Aкцијата „Ова е Македонија за сите“ и ВМРО ДПМНЕ продолжуваа на терен и во останатие населени места до 17 јуни.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста