Брисел загрижени каде „фрлаат“ пари: Од ЕУ незадоволни од состојбите со владеењето на правото, условите во правосудството и корупцијата во Македонија

Македонија не ги опрадвуда десетиците милиони добиени од Брисел за подобрување на состојбите со владеењето на правото. Додека Владата не убедува дека ни требаат само уште Бугари во Уставот, бриселската реалност е друга, очекуваат конкретни резултати во реформскиот процес. силни критики од евроамбасадорот Гир.  Државава треба уште многу да работи за да ги достигне европските стандарди. Ова е пораката од Брисел, која ни ја пренесе  Гир и тоа на стартот на проектот за владеењет на правото финансиран со 10 милиони и 250 илјади евра од страна на ЕУ.

-Сѐ уште има долг пат да се изоди за да се постигнат стандардите кои граѓаните имаат право да го очекуваат од властите на земјите, а ЕУ да го очекува од земја-кандидат. Постои потреба од значајна промена преку усвојување на закони и практики кои се на линија со европските стандарди и критично, нивната имплементација и спроведување, рече Гир.

Критиките од Дејвид Гир ги слушнаа и лично министрите Спасовски, Тренчевска и Лога.Кривичниот законик и начинот на кој истиот е донесен со злоуптреба на европското знаменце според европејците може е да доведе до зголемување на неказнивоста во Македонија.

-Секако ја немате пропуштено изјавата минатата седмица дадена од Европската Комисија, во однос на измените на Кривичниот законик, пред се користењето на европското знаменце кои тие ја сметаат за несоодветна, бидејќи тоа е едно од прашањата за кои треба да се дискутира. И исто така ризикот кој што го идентификува комисијата дека ваквите промени може да доведат до зголемување на неказнивоста, изјави Гир.

Со широко отворени очи од ЕУ ги следат и случувањата во Судскиот совет од летово. Оценската мисија ќе остане до следната недела, по што ќе се вратат во Брисел, каде пред Европската Комисија ќе дадат рапорт што виделе во Македонија.

Има одредени прашања кои предизвикуваат загриженост и тоа не треба да го заборавиме. Едно од тие прашања се случувањата во текот на летото во Судскиот совет. И како резултат на тие случувања ние распоредивме тука една мисија составени од колеги, која што е задолжена да даде препораки за подобрување на интегритетот и професионалноста, изјави Гир.

Претходно и САД повика на борба против корупцијата и деполитизирање на судството, а исто така и тие посочија дека огромни суми на пари се вложуваат во Макоедонија за владеењето на правото.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста