Барањата на ЕУ се антиевропски и антицивилизациски, отворање на Уставот е оптварање на Пандорина кутија

Зголемување на етничката нетрпеливост, на хистеријата во општеството, но и на евроскептицизмот. Ова е замката во која може да западне Македонија доколку на маса се најде поголем пакет на уставни измени.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски вели дека е запрепастен од искажаната желба на Алијанса преточена преку став на министерот за правда, дека кога веќе се менува Уставот треба да се избрише и формулацијата 20% и Албанскиот да стане втор службен и официјален јазик.

Отварањето на Уставот е како Пандорина кутија од која же излезат сите зла“, вели Благојче Атанасоски, политички аналитичар

Атанасоски вели дека Европската Унија 30 години не се води од емоции ниту пак според правни норми кога станува збор за Македонија и дека ниту една земја од Источна Европа не испорачала ништо друго освен исполнување на копенхашките критериуми. Уште потрагично за Македонија според него е тоа што и да влезат Бугарите во Уставот, ЕУ не дава гаранции дека тогаш Македонија конечно ќе може да ги отпочне преговорите.

Ниту една земја досега на патот кон Европската Унија не се соочила со вакви проблеми кој се антиевропски и антицивилизациски барања, вели Благојче Атанасоски, политички аналитичар

Познавачите сметаат дека меѓународниот притисок за промена на Уставот само ќе се зголемува, како што беше случај и при промената на името на државата по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста