Синдикатите и Министерството за здравство договорија зголемување на платите

По шест месеци преговори и протести “падна“ договор помеѓу синдикатите и министерството за здравство. Колективниот договор за повисоки плати ќе биде потпишан за околу една недела. Со овој договор се предвидува зголемување на месечните примања по 2000 за лекарите до 3000 денари за сестрите и другиот среден кадар, кои со покачувањето на минималната плата се изедначија со  хигиеничарките. Покачувањето ќе важи од март месец, а за официјализација се чека одобрувањето од министерство за финансии.

Првиот човек на самостојниот синдикат за здравстви рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност. Тој нагласи дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

Тука не завршува се велат синдикатите, тие тврдат дека и во наредниот период ќе продолжат со нивните нови барања, заради инфлацијата.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста