„За или против“ : Давањето предност на странските наместо на домашните компании ќе биде погубно за градежништвото

Домашните компании имаат капацитет да изградат каков било проект . Договорот со кој ќе се исплатат 1.3 милијарда евра на странска компанија за изградба на Коридорите 8 и 10 д , ќе биде штетен за македонската економија и домашните градежни работници, рече во емисијата „ За или Против“ на Тв Алфа Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво при ССМ. Според него, шокантно е тоа што се дало доверба на компанија за долен веш да врши надзор на таков капитален проект. Пешевски смета дека изградбата на коридорите ќе чини и повеќе затоа што нема проект.

Власта склучи нов договор од милијарда и триста евра без проект и екпсопријација и без да знаеме колку ќе чини . Станува збор за несериозен обид да се подигне македонската економија, сметаме дека ова е уште една зделка и пари одлеани во компанија која не градела во Македонија , наспроти компании  кои постојат во Македонија. За нас е надвор од ум да склучите договор без да имате проект . Во најекстремен случај може и да чини 10 милиони километар , но не и за рехабилитација . Прво треба да ги засукаме ракавите за тоа што е состојбата во секторот градежништво и да рехабилитираме дома . Имаме уште недовршени патишта, а отпочнуваме нов.

Пешевски алармира дека над 12 илјади работници го напуштиле секторот, а со вакви политики Владата сака да ја  згасне гранката .

Немаме чувство дека владата сака да ги задржи и компаниите и граѓаните. Ќе останеме држава со пратеници , министри и политичари . Која е логиката некој да работи за 500 евра на овие цени ? Тој што дошол на печалба тука нема да може да преживее. Не убедуваат да поверуваме во приказна што не врви кај обичниот народ . Тоа е една бајка . Да најдеме начин да си подадеме рака и компаниите и Владата и работниците  да направиме нешто заедничко, да видиме дали некој ќе се врати од запад ? , рече Пешевски.

Дека домашните компании имаат капацитет да изградат каков било проект, и од типот на Коридорите 8 и 10 д се согласни и од градежната комора на Македонија. Според Ивица Јакимовски, прво треба да бидат задоволени потребите на домашните компании, а потоа да се ангажираат странските. Јакимовски смета дека сумата од милијарда и триста е превисока.

Не можам да се сложам со начинот на кој се спроведува изборот – дека дома немаме компании. Има многу компании кои во минатото изградиле важни проекти . Тврдам дека како домашни компании може да го завршиме во пократок рок.

Според него може дури и да се направи конзорциум од наши компании кои би ја вршеле изградбата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста