Ајварот станува сон за македонците-цените на пазарите астрономски

Тардицијата станува луксуз за македонските граѓани. Сезоната за зимници е во полн ек, но високите цени на зеленчукот се причина за многу домаќинки се откажат од правењето ајвар.  За разлика од лани, годинава за 20% е поскап црвениот пипер. Но не само ајварката, по астрономски цени се продава и останатиот сезонски зеленчук кој поради безпарицата станува луксуз, се жалат граѓаните .

  „Многу е скапо, ништо не можеме да купиме. Доматите по 80денари, па јас со мојата пензија ништо не можам да купам од пазар„ се жалат  штипјани

   Високата цена на зеленчукот и овошјето е резултат  на се помалото домашно производство,. Пример за тоа е доматот кој оваа есен го има многу малку, па поради тоа еден килограм чини 100денари. Скапата нафта и ѓубривата, како и лошата аграрна политика   се причина за многу земјоделци се откажат од нивите.

  „Пред неколку години од Три Чеми овде доааѓа по 5до 6камиони со домати и ги носеа за Скопје. Сега луѓето се жалат дека немат услови, немат вода. Балванско, Лакавичко немат услови за работа, а не дека нема кој да работи„ вели Димче Колев, раководител наа Градски пазар-тип .

Денеска ајварката се продаваше од 40 до 60денри, а модриот патлиџан околу 120денари за вреќичка. За да се направат десетина тегли ајвар од домашниот буџет ќе треба да се издвојат околу 2000денари, но ако се земе во предвид и трудот што се вложува, крајниот есап покажува дека ајварот навистина станува луксуз.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста