Артан Груби – главен координатор за мега проектите вредни милијадри евра

Артан Груби човек за се, и прв вицепремиер, министер за политички систем, а сега зема и дел од ингеренциите на Бочварски , стана главен координатор за инфраструктурни инвестиции.

Десната рака на Ахмети, по професија е новинар, но откако стана дел од власта, една по една си ги реди моќните функции. Последната во кои се вртат милијарди евра е за надзорот на коридорите 8 и 10Д која доби со амин од Владата. Зошто токму тој е одбран за главен коррдинатор, премерот Ковачевски го пофали оти тој бил на чело на управувачкиот комитет за коридорот 8 каде работите се завршиле.

  • Сите инфраструктурни проекти се во исклучива надлежност и одговорност на министерот за транспорт и врски и институциите во рамките на министерството и јавното претпријатие за државни патишта и македонски железници инфраструктура. Вицепремиерот Груби во текот на изминатите две години беше претседател на управувачкиот комитет за коридорот 8. И како што гледате коридорот 8 има избран проектат, изведувач, надзор и веќе започнаа работите односно подготвителните активности за коридорот 8“ велат Ковачевски.

Министерот за транспорт и врсјки денеска беше најавен дека ќе присуствува на два јавни настана. На првиот не се појави, а на вториот ги избегна медиумите, односно замина пред да добијат можност да постават прашања.  Неговиот колега, од ртесорот земјоделство вели оти не знаел дека Груби бил поставен на позицијата главен координатор, но не гледал проблем во тоа.

Сопартијците на Груби, односно фракционерите кои одамна бараат негова смена велат дека ако првиот вицепремиер оди по стапките на неговиот колега Османи кој е координатор за автопатот Скопје – Блаце, граѓаните ќе се изнчекаат да се израдуваат на проктот.

„Ние сме за коридорот и за било која инфраструктуирна инвестиција, но посакуваме да се нафатат сериозно. Ако одат по стапките како со автопатот Скопје – Блаце, за пет години да изградат две километра, ќе ни треба многу време да чекаме“,рече Меџити.

Осуда за ваквите постапки на Владата каде Груби се закити со нова позиција, пристугнуваат и од политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ го осудуваат овој чин.

  • Назначувањето на Артан Груби, како „координатор за се“ е само уште една потврда за целиот криминал кој е направен и ќе биде направен во проектот за коридорите 8 и 10Д. Наместо Груби да му доделуваат некакви си функции за кревање на личното его, тој денес требаше да биде во Јавното обвинителство“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со реакција се јавија и од партијата на Трајанов. Од Демократски сојуз сметаат дека новата функција на Груби за коридорите и железницата за што граѓаните ќе одвојат над 1,6 милијарди евра, само ги потврдува сомнежите за корумпираноста на власта во целина и подготовка за грабеж со огромни димензии.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста