Татко-монструм од Скопје ја тепал, малтретирал и изгладувал сопствената малолетна ќерка

Tатко монструм во Скопје 8 месеци ја малтретирал 14-годишната ќерка. Ја тепал со каиш, ја изгладнувал па дури се обидел да ја прободи со нож.  45 годишниот татко, инаку Босанец со привремен престој во Македонија, го држел сопственото девојче во постојан страв и стес. За да има и ќар од нејзиното постоење, таткото ја вработил во  слаткарница за викенди, а заработените пари и ги земал.

  • Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето, користејќи каиш и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една прилика се обидел да ја прободе со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови“ велат од ОЈО Скопје.

Девојчето, инаку родено во 2008 година, постојано била напуштана од нејзиниот татко, ја оставал сама кога патувал, без соодветна родителска грижа, храна и хигиена во домот. Малтретирањето стигнало до степен, татко и да се заканува со котеќ додека бил на пат, затоа што болна не отишла на училиште.

  • На 22 март девојчето се разболело само дома и не отишло на училиште, а осомничениот и се јавил од странство и ѝ се заканил дека  кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува. Ваквото однесување, кај жртвата прдизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа“ велат од ОЈО Скопје.  

Скопското обвинителството отвори постапка против таткото, а поради опасност од бегство бараа Скопскиот Кривичен суд да му го смести во притвор.

Обвинителството, 45 – годишниот државјанин на Босна и Херцеговина го сомничи за запуштање и малтретирање дете.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста