Премиерот и министри со службени владини мерцедеси на отворање на штаб на СДСМ во Велес

Веројатно како дел од почетокот на акцијата „Рамо до рамо“ СДСМ вечерва отвори нов штаб во Велес, и тоа во зградата каде се наоѓа локалната испостава на УЈП.

Цела колона на службени владини возила пристигна во градот а во нив беа премиерот Димитар Ковачевски и повеќе владини министри. Овде е очигледна злоупотребата на државни ресурски за партиски цели, нешто што многу почесто досега го правеа функционерите на ДУИ кои со колите купени од парите на сите граѓани си се развозуваат по митинзи и други партиски активности.

Инаку службените возила смее да се користат само при официјални државни односно службени активности, а не за лични и партиски цели.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста