Аналитичари: Расколот во ДУИ ќе ги чини губење гласови на изборите

Расколот во ДУИ не запира, туку се повеќе се продлабочува, не престануваат обвинувањата на фракционерите на интегративците кон партијата и обратно. Неформалниот предводник на незадоволната група, Меџити повторно со став дека лидер на партијата од Мала Речица е Груби, а не Ахмети. Поранешниот градоначалник на Чаир, и актуелен потпретседател на ДУИ, вели дека во партијата имало целосна анархија, не се знаело кој ги носи одлуките,не се дебатирало во партијата за важни теми, но и се закажувале тајни состаноци.

Но како ДУИ ќе ја плати цената за своите нерасчистени сметки внатре во партијата. Дел од аналитилачрите согласни, целокупното ситнење и делење внатре во партијата на идните избори ќе ја чини пораз.

Аналитичарот Хајдари за Алфа вели дека расколот во ДУИ се одразува со големо централизирање на власт и со големо незадоволство внатре во партијата. Ваква голема доза незадоволство во ДУИ не се памети од постоењето на овој политички субјект.

До овој раскол во ДУИ дојде заради иститите причини кои ДУИ уште ден денеска ги негува, т.е фокусирање на власт во партијата од еден човек. Сега како што се гледа и како стојат работиве, власта е во рацете на Артан Груби и се остава впечаток дека Ахмети сите јавни обраќања ги прави според директивите на Груби. А и партиските соопштенија кои ги читам во последно време, сметам дека ги пишува токму Груби, вели Фајзи Хајдари – аналитичар.

Тој вели дека ДУИ функционирале три долги години без органи на партијата односно без Генералниот Совет на партијата. Токму ова анархија на Артан Груби со помош на Али Ахмети, посочува Хајдари  овозможила сите конци на партијата да ги преземе Груби.

Овој раскол на ДУИ во последните мерења односно анкети, покажува дека 30-40 % од електоратот и симпатизерите на ДУИ, ги контролира токму Огнената Група на Изет Меџити. Затоа сметам дека расколот многу негативно, ако не погубно, ќе се одрази кај ДУИ на следните избори, вели Фајзи Хајдари – аналитичар.

Иако се погласни се шпекулациите дека Меџити  и неговите поддржувачи ќе формираат нова партија, тоа се’уште не се случило, а групата екс градночалникот на Чаир функционира како фракција внатре во партијата, на што ДУИ рекоа дека нивниот статут не дозволува фракции. Сепак фракционерите не се исклучени од партијата, велат дека тие не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста