Даниловски: Оставете ги децата во кал, имунитетот се гради преку постојан контакт со микроогранизми

Градинките и училиштата вријат од бактерии и вируси. Преполовени групи и полни редици пред амбулантите. Вакво нешто не сме виделе одамна, сведочат нашите извори.  Oчекувано е, коментираат докторите. Живеењето во стерилни услови, стравот од зарази и последиците од панедемијата наметнаа нов начини на живот. А данокот  го плаќаат децата.

Тоа што го гледаме е последица на т.н. направен имунитетен долг.  Децата беа држани во стаклено ѕвоно па немаа можност да стапат во конткат со вообичаните респираторни вируси затоа што се се дезинфицираше, се носеа макси се избегнуваа гужви и дечињава останаа ускратени и осиромашени од тоа нивниот имунолошки систем да се поттикнува онака како што е вообичаено. Затоа што во првите две години се јакне и се гради цврст имунолошки систем. Тогаш се поставуваат темелите потоа понатаму е само надградба, објаснува епидемиологот Д-р Драган Даниловски.

Нашиот имун систем се гради преку постојан контакт со микроогранизми. Колку почесто се изложуваме на бактерии и вируси, толку поцврст нашиот имунолошки систем станува. Потребна е интеракција а не изолација, објаснува Даниловски.

Има една мисла вели, здравјето е во нечистотијата. Оставете ги децата во кал. Не се тресете над нив. Не инсистирајте постојано да мијат раце, после одење во тоалет секако дека тоа мора да се направи. Но едноставно во нечистотијата, во калта на пример, нема патогени микроорганизми. Има такви какви што не предизвикуваат болест а кои сепак во конткат со огранизмот ако се вдишат или проголтаат предизвикува реакција на имунолошкиот систем и негово стимулирање и јакнење, објаснува Даниловски.

Освен ваквиот начин на јакнење и градење на имунитет, новороденчето од мајката добива т.н пасивен имунитет преку мајчиното млеко. Мајката така го пренесува имунитетот која што таа го стекнала во текот на нејзиниот живот. За време на пандемијата цели бремености беа носени во изолација, па на овие бебиња дополнително им беше скратен дел од  т.н. пасивен имунитет.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста