Абази се фотографира со Фикри Ахмети, ама брат му не го знаел

Ислам Абази вети транспарентност на Обвинителството за организиран криминал иако ниту јавноста, ниту мнозинството кое го гласаше не ја виде неговата 4-годишна програма, која впрочем и ја немал. Абази конечно се појави пред медиумите и тврди искуство има, ама не се пофали кои тешки предмети ги има зад себе.  

  • „Иако немав програма како дел од колегите, јас бев постојано во контакт со колегите, и нив им им ги изложував мојата визија, програмата и планот што ќе правам со тоа обвинителство“ – вели Абази.

Абази се пофали дека правел анализи за кривични предмети за сериозен криминал и корупција, но кога беше прашан каква му е анализата зошто за 20 години владеење на ДУИ ниту еден функционер на партијата не бил кривично гонет, вели не го анализирал тоа.  Абази е соселанец на лидерот на Интегративците, но тврди дека можеби се сретнал некогаш со него, но нема блиски врски со него.

  • „Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам“ вели новоизбраниот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази.

Абази вели лидерот на ДУИ можеби го сретнал, ама затоа дружбата во домашна атмосфера со неговиот брат Фекри Ахмети ја овековечил. Алфа дојде до фотографијата од која јасно се гледа дека Абази е во блиска корелација со Фекри Ахмети, насмеани и опуштени седат на гаранитура очигледно во неговиот или домот на фамилијата Ахмети.  

Новиот шеф на Организиран, на негово име во Антикорупциска пријавил автомобил и долгови. Фолцфаген голф 4 и кредит од 250 илјади денари кој го плаќал до 2013 година. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во Зајас. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал анкетениот лист и дали има промени.

Абази успеал да убеди дури 66 обвинители во цела Македонија да го заокружат неговото име и да застане на чело на Обвинителството за организиран. На првите избори на кои гласаа над 160 обвинители, тој победи во тесна тргка со Незири кој доби два гласа помалку. Русковска и Пауновска заедно освоија само 24 гласови.

 Предметите и истрагите кои во моментов се во рацете на обвинителите на Организиран вели допрва ќе ги запознавал, кога јавноста повеќе од два месеци од разрешувањето на Русковска очекува распалет на истрагата по кривичната пријава за екс директорот на Финансова, Арафат Муареми. Во Организиран се води и истрагата за техничкиот преглед за автобусот на Беса транс која исто така чека епилог.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста