Талат Џафери претседател, Артан Груби премиер- Ковачевски и Ахмети ќе ја однесат цела држава во рацете на ДУИ?!

Талат Џафери претседател, Артан Груби премиер- Ковачевски и Ахмети ќе ја однесат цела држава во рацете на ДУИ?!

Џафери претседател и спикер, Артан Груби премиер – Инаетот на власта да не прифаќа одржување на претседателските и парламентарни избори во исто време, може да ја доведе Македонија целосно во рацете на ДУИ. Како што е веќе познато во последните 100 дена оваа Влада ќе биде предводена од премиер Албанец на предлог на партијата на Ахмети, а евентуален неуспех на претседателски избори, би зналечо дека собранискиот спикер ја презема позицијата претседател на државата, а тоа е Талат Џафери.

Според дел од познавачите ова сценарио е можно затоа што постои голема веројатност претседателските избори да пропаднат ако се одржат одвоено од парламентарните, пред се заради високиот цензус во вториот круг.

-Верувам дека излезноста на граѓаните ќе биде многу ниска од причина што огромен процент од младите веќе се иселени надвор од Македонија и својата иднина и перспектива не ја гледаат тука. А од друга страна толку многу се разочарани луѓето од политиките да веќе буквално немаат никаков мотив да гласаат бидејќи сметаат дека нема да има никаков ефект, изјави Пекевски.

Сепак Пекевски верува дека изборите ќе успеат и дека Македонија ќе добие нов претседател, бидејќи граѓаните сакаат да ги казнат катастрофалните политики на моменталната власт. Не верува дека СДСМ и ДУИ ќе отстапат од својот став за одвоено одржување на изборите, вели тие воопшто и не се грижат за интересите на државата, личниот интерес за нив бил најважен.

СДСМ и ДУИ никогаш не се грижеле за интересите на Македонија и македонските граѓани и секогаш било прво бизнис интересите на водечките лица на СДСМ и ДУИ, а потоа доаѓаат интересите на самата партија. Интересите на граѓаните на Македонија и воопшто државниот интерес никогаш не било ни тема, ниту било во програма за значење на СДСМ и ДУИ, изјави Пекевски.

Иако речиси сите се на ставот дека нема никаква логика во само два месеци да се одржуваат два изборни циклуси, власта во моментов останува цврста на ставот претседателските и парламентарните избори да се одржат во два термини, што ќе значи двојно повеќе трошење на државни милиони евра.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста