Зекирија Хасипи фатен во лага: „Црно Семе“ и „Црнила“ сепак исчезнале од средното стручно образование, не се ниту споменати во програмата

Бирото за развој на образованието тврди едно, но сепак вистината е сосем друга. „Црно Семе“ и „Црнила“ не се ниту споменати во програмата за четрвта година во средното стручно образование, што е спротивно од тврдењата на директорот Хасипи. Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ за Алфа вели дека споменати се само авторите Коле Чашуле и Ташко Георгиевски, но не и нивните антологиски дела.

-И „Црно Семе“ и „Црнила“ воопшто во програмата, не се назначени кое е име на дело за интерпретација на час. Споменати се Коле Чашуле, споменат е Ташко Георгиевски, меѓутоа во групата драма, македонска драма, повоена драма, делата не доминираат, вели за Алфа професорката Татјана Алексиќ.

Според Алексиќ, проблем е што овие две антологиски дела нема да бидат дел ниту од државната матура.

-Ако делото не е вметнато како задолжително, тогаш ќе биде изземено од државна матура. Гимназиските училиште со стручните училиште се изедначуваат на тема матурски испит. Исти се прашањата за матура, што значи дека делата ако не се за матурски испит, автоматски не се ни задолжителни, изјави Алексиќ.

За разлика од овие две дела чии наслови не се споменуваат, во програмата други автори стојат јасно напишани и тоа со имињата на книгите.

-Гане Тодоровски- Интерпретација на „Седум навраќања на мотивот трепетлика“, „Нерези“, „Фуснота без повод“, пишува во програмата.

-Блаже Конески- Интерпретација на „Тешкото“, „Ангелот на Св. Софија“, „Болен Дојчин“, „Везилка“ и други песни по избор на наставникот и учениците, пишува во програмата.

Споменати се само авторите Чашуле и Георгиевски, без нивните дела.

-Македонски роман по Втората светска војна. Особености и претставници (Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Владо Малески, Ташко Георгиевски, Димитар Солев, Симон Дракул), пишува во програмта.

-Македонска драма (особености и претставници: Сашко Насев, Дејан Дуковски, Јордан Плевнеш, Коле Чашуле), пишува во програмата.

Дали ова значи дека учениците би можеле да учат само за биографиите на овие два автори, без воопшто да дојдат во допир со овие антологиски дела?

-Спецификите на македонската драма, спецификите на македонскиот роман во повоениот период, историографија, библиографија на авторите, а не делото. Делото е суштината. Секако треба да се испочитува биографијата и спецификите и тие влегуваат како прашања на матура, но многу повеќе многу е поважно она што ќе им остане на децата како капитално трајно знаење, разработка на делото. Тоа се дела кои се исклучително важни и од белетристички и од историски аспект, изјави Алексиќ.

„Црнила“ и „Црно семе“ се отстранети во 2019-та година, со одлука на тогашниот министер за образование Арбр Адеми. Одлука која на сила стапила од учебната 2021-2022. Идејата, според извори на Алфа, било полека, полека, овие дела да ги снема од целата програма.

Но, по острите реакции од јавноста, од Бирото за развој на образовнието се огласија дека делата сепак ќе „преживеат“ и ќе бидат вратени.  

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста