Судскиот совет при крај со извештајот за Мерко, експертите не веруваат дека ќе има епилог

Дел од правните експерти се скептички дека од работата на органите на прогонот ,судството и обвинителството ќе има некаков епилог во случајот со Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси. Поради тоа,сугерираат да се формира посебно специјално тело кое што посериозно ќе се занимавало со ваков тип на криминал.

  • Она што сме го повторувале до сега дека системот не функционира, за жал се покажа точно во случајот со Мерко.И сега за жал сите тие институции кои што имале надлежности, компетенции за да вршат контрола за да не дојдеме до ситуацијата да ескалира до тука, тие сега треба да се појават како спасители односно како контрола за тоа што е случено до сега, што мислам дека е малку апсурдно односно по мое мисење не верувам дека такво нешто би можело да се деси”-вели адвокатот Ардиан Демири.

Во меѓувреме се огласија и од струшкиот огранок на Алијанса на албанците,бараат одговорност и ги повикуваат институциите да му оневозможат на Мерко да го користи објектот на општината бидејки според нив, постои основано сомнение во прикривање на докази додека трае процесот на истрага.

  •  “Кој ќе одговара за тоа што за Mерко од 2006-та година до сега се влечаат повеќе од 30 предмети по фиоки и канцеларии на Јавното Обвинителство и немаме ниедна судска пресуда. Кој ќе одговара за стотиците милиони евра платени од буџетот на Општина Струга од 2005-та година до денес, и продолжуваат да се исплатуваат стотици илјади евра месечно со потпис на Mерко ?” прашува Лулзим Насуфи- Претседател на Огранокот на АА – Струга.

Инаку,откако Јавното обвителство обзнани дека против Мерко но и против Општина Струга се водат 15,од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година,на потег е Судскиот Совет чии членови извршија контрола на работењето на струшкиот основен суд.Од тогаш помина половина месец, Алфа праша до каде е извештајот ?

  • “Во однос на наводите од Стејт департментот дека струшкиот градоначалник наводно вршел политички притисоци за донесување на некои судски одлуки,комисијата разговараше со Претседателот на струшкиот основен суд и со судиите. Извештајот е во завршна фаза и треба да биде разгледан на седница” велат од Судскиот совет.

Неофицијално најголем дел од извештајот се однесува на спорната одлука на струшкиот основен суд кој му дозволи зголемување на финансискиот лимит за трошење кој им се поставува на општините кои имаат блокирани сметки поради долгови, од 260.000 евра на близу 1 милион евра.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста