Бомбите на Заев богатство за Артан Груби: Али Ахмети не може да се ослободи од него, знаел се за криминалите на ДУИ

Бомбите на Заев најголемото богатство за Артан Груби. Нелегално прислушуваните материјали го држат првиот вицепремиер во политичките височини, вели за Алфа поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Според него фракционерите предводени од Изет Меџити и Муса Џафери нема да успеат во својата битка против Груби и Османи.

-Бомбите за ДУИ Зоран Заев ги даде на Артан Груби, ми кажале надлежни луѓе од СДСМ уште тогаш. Со тие он стана силен затоа што ги има бомбите за сите кадри на ДУИ и за Али Ахмети. Али Ахмети бил уценет и за време на пржинските преговори, кога забранија да се објават илјадитите кривични дела на ДУИ, изјави Хајредини.

Според Хајредини сите овие случувања во ДУИ се сценарио на вечниот лидер на партијата, Али Ахмети, со цел да се претстави дека таму владеела некаква внатрепартиска демократија. Тој смета дека главната цел на ДУИ во моментов е спас од евентуален кривичен прогон на највисоките партиски функционери.

-Тоа е сценарио на Али Ахмети, да остава впечаток дека еве таму се дозволува да мислат некои или да делуваат поинаку. Инаку, главна е цел е на крајот сите да се спасат од криминалот и корупцијата, што беше наречен и никој не го повторува, вистинска катастрофа, тоа е од Америка оценка, вистинска катастрофа, изјави Хајредини.

Фракционерите во ДУИ, побараа заминување на интегративните владини функционери. Сепак не одговорија што ќе се случи доколку Ахмети одлучи и понатаму да игра со Груби и Османи, за тоа ќе се разговарало внатрепартиски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста